Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Економија

Пад на наплатата на ДДВ за 79% во април

Стопанството е во криза, а приходите во државната каса во вртоглав пад.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стопанството е во криза, а приходите во државната каса во вртоглав пад. Управата за јавни приходи за две недели во април собрала за 38% помалку приходи, додека во март падот е за 24% во однос на планираното. Наплатата на ДДВ е намалена за дури 80%, следи данокот на добивка со пад од скоро 10% и данокот на личен доход со намалување од 6%. Пораст имало само кај придонесите.

Во угостителството прометот во март бил намален за половина. Од УЈП велат дека им излегле во пресрет на сметководителите, па рокот за достава на ДДВ пријави бил продолжен до крајот на април.

Директорката Лукаревска тврди дека во периодот од јануари до март извршиле поврат на ДДВ во вредност од речиси 109 милиони евра или за 14% повеќе од истиот период лани. Се труделе прво да им вратат пари на најзагрозените фирми.

Реклама

Дел од граѓаните се жалат дека и натаму им се блокираат сметки и покрај Уредбата на Влада. Лукаревска тврди дека УЈП не спроведува постапки за присилна наплата. Вели дека можеби се работи за преземени дејствија пред воведување на вонредна состојба и дека граѓаните имаат опција за плаќање на рати.

Инаку на повикот на Владата, фирмите да се солидаризираат и предвреме да платат данок на добивка, ретко кој се одзвал, односно само 20-тина фирми до крајот на март. Директорката не соопшти дали меѓу нив се и компании во сопственост на семејството на поранешниот премиер Зоран Заев, бидејќи тој се пофали дека е еден од најголемите донатори во земјава.

Од УЈП информираат дека за мерката покривање на 50% од придонеси досега аплицирале скоро 28 илјади фирми со 157 илјади вработени. Инаку, компаниите во угостителството, туризмот и транспортот кои имаат претрпено штети ќе бидат ослободени од плаќање на аконтации на данокот на личен доход и на добивка за март, април и мај.

Тања Попова