Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Македонија

Докторите лути на Караџовски: прво дадете ни опрема – па ќе се обучиме да ја носиме

Поплаките од лекарите и медицинските работници за недостигот на заштитна опрема не…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поплаките од лекарите и медицинските работници за недостигот на заштитна опрема не запираат. Тие очајно молат за маски, визири, капи, каљачи, ракавици- насекаде, по медиумите и социјалните мрежи. Д-р Игор Кузмановски од Клиниката за неврологија за Алфа вели, маски и ракавици е единствената заштитна опрема што ја имале на клиниката – но и тие во ограничен број, а останатото како наочари скафандери и каљачи медицинските лица го купувале од свој џеб.

Од заштитина опрема имаме само хирушки маски и ракавици и тоа не во доволен број. Каљачи, скафандери визири нема ништо од тоа. Ние не сме Ковид болница, но дел од оваа опрема навистина ни е потребна. Но, ни Ковид болниците ни ГОБ “8-ми Септември” како што знаеме од колегите немаат адекватна опрема сите сами се снаоѓаме и сами си купуваме. А каљачи нема никаде како што знамизјави Игор Кузмановски,специјалист невролог.

Кузмановски остро реагираше и за изјавата на епидемиологот Караџовски и ја оцени навредлива. Караџовски ги обвини медицинските лица дека не знаеле да се заштитат од вирусот оти неправилно ја користеле опремата и не ги почитувале протоколите за работа.

Реклама

Изјавата на Караџовски e навистина непрофесионална и навредлива за нас медицинските лица. Бидејќи знаеме дека  над 106 здрвствени работници се заболени  од вкупниот број, што тоа е 13 посто – двојно или тројно повеќе од било каде. Ние треба да ја добиеме опремата па да имаме обука, а ние ја немаме таа опрема.” – тврди Кузмановски.

И доктор Александар Каревски на социјалните мрежи, побара – Караџовски да одговори. Кога, каде, и каква заштитна опрема, била дистрибуирана низ здравствените установи, со датуми и локации? И каква едукација спровел, или организирал за медицинскиот персонал, и дали тој лично, се обидел да се придржува до истата?

Инаку, досега околу 120 здравствени работници во земјава се заразени од корона вирус.

Ања Василева