Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Сиљановска-Давкова со порака до студентите: Верувајте во силата на критичкиот ум

Кога и да дојдам на овој простор чувствувам некоја чудна младешка енергија.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кога и да дојдам на овој простор чувствувам некоја чудна младешка енергија. Вие бевте и за мене останувате бунтовници со причина, а јас на пати се обидувам да ве имитирам, глумејќи политичарка, која се уште има нешто бунтовно во себе и никогаш нема да го заборави најубавиот дел во животот, им порача денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на студентите во својот говор на првиот академски час на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со кој почнува новата академска 2026/2027.

-Сè уште верувам дека политиката може да се заузда со правото и дека на овој чуден свет му треба идеализам. Право, правда и етика – истакна Сиљановска-Давкова.

Таа нагласи дека според неа најважното нешто за студентите е да вежбаат и да веруваат во силата на критичкиот ум.

Реклама

-Имаме тешка обврска кон светите Кирил и Методиј, да го продолжиме тоа што тие го започнале,  бидејќи сигирно знаете од досегашното образование дека учителите многу често биле и станувале светци. Можеби затоа и ние, иако сме една мала држава, можеме да се пофалиме со умови – рече претседателката и потсети дека пред неколку дена, највисокото признание – 8 Септември и било доделено на светски познатата научничка Светлана Мојсов.

Таа нагласи дека развојот на вештачката интелигенција не треба да го потисне природниот ум.

-Да не дозволиме вештачката интелигенција да го наруши природниот ум, зашто за да користите вештачка интелигенција, мора да имате природна интелигенција – рече претседателката. Сиљановска-Давкова ги повика студентите активно да ги бараат своите права и да се стремат кон промени, нагласувајќи дека УКИМ треба да биде предводник во промените.