Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Прилеп со богата програма ќе го одбележува 11 Октомври и 85 години од Народното востание

Со богата едномесечна програма, од денеска до 3 ноември, Прилеп, градот херој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со богата едномесечна програма, од денеска до 3 ноември, Прилеп, градот херој ќе ја одбележува 85-годишнината од 11 Октомври, денот на почетокот на народното востание од 1941-та.

Богатата програма започнува од денеска кога стартува и  јубилејниот 15-ти Џез викенд во Прилеп. Џез музичари од земјава до сабота, 3 ноември, ќе ја претставаат својата музика пред прилепската публика во киното при Центарот за култура „Марко Цепенков“. 

На 4 октомври во големата сала од Центарот за култура е монодрамата со Тијана Дапчевиќ „Менопауза“. На 5 октомври, во Музејот „11 Октомври“ – Участакот е интерактивната работилница „Бегство од музеј“, а на 6 октомври е втората работилница „Детективи на минатото“.

Реклама

На 7 октомври се повеќе настани. Во градската библиотека „Борка Талески“ ќе се одржат трибината „Јавното здравје кај младите“ и поетската вечер „Во пресрет на 11 Октомври“. Во Центарот за култура е премиерата на претставата на прилепскиот театар „Животинска фарма“, а во Участакот е драмската претстава за Душко Наумоски – „Херојот е мојот дедо“.

На 8 октомври, во галеријата  од Центарот за култура „Марко Цепенков“ своите дела во заедничка изложба ќе ги претстави Друштвото на ликовните уметници на Битола, а во музејот „11 Октомври“- Участакот, е драмската претстава за академскиот ликовен уметник Борко Лазески, насловена „Студент е, прилепско дете“.

Од 8 до 10 октомври во центарот на Прилеп ќе се одржува „Фестивалот на медот“, а на 9 октомври е училишен перформанс „Формирање на македонското знаме“ на плоштадот „Методија Андонов-Ченто“. Во градската библиотека  е промоцијата на книгата на д-р Славчо Ковилоски „Спомени на прилепските револуционери“, а во киното „Мис Стон“ е проекцијата на филмот „До Балчак“. 

На 9 октомври, во Участакот, по повод 85-годишнината од Народното востание, ќе биде промовиран каталогот на Завод и музеј, посветен на Меморијалниот музеј „11 Октомври 1941“ – Участак. Вечерта во Центарот за култура, во киното „Мис Стон“ е „Слем полуфиналето“.

Во пресрет на празникот, на 10 октомври се бројни настани кои вечерта ќе се заокружат со Импровизираниот напад на градот, како и краток филм за нападот на 11 октомри 1941, како потсетување на историските настани на 11 октомври 1941 година и почетокот на Народното востание.

Преку денот се и меѓународниот традиционален турнир во џудо, изложба на дела на прилепските уметници во ликовната галерија од Центарот за култура „Марко Цепенков“ и посета на меморијалниот музеј „11 Октомври“. 

На празникот, 11 Октомври почит ќе им биде оддадена на револуционерните дејци, на загинатите борци и на народните херои во Паркот на револуцијата, на Могилата на непобедените и во Алејата на народните херои. На 11 октомври ќе се одржат и крводарителска акција, меморијален турнир во шах и автомобилско шоу во центарот на Прилеп.

На 12 октомври на булеварот во центарот на Прилеп ќе се одржи техничко-тактички збор на АРМ – изложба на воена опрема и оружје и показни боречки вештини на специјалните единици.

Од 15 октомври до 3 ноември кога е и денот на ослободувањето на Прилеп се предвидени повеќе културни и спортски настани.