Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Македонија

Дали здравствениот систем доцни со дијагностицирањето на болните од Ковид 19?!

Најмалку 6-7 лица во Македонија починале во своите домови а посмртно биле…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најмалку 6-7 лица во Македонија починале во своите домови а посмртно биле дијагностицирани со Ковид 19, а други пак битката со вирусот ја губат само што ќе бидат примени во болница.  Ова го вклучува алармот зошто луѓето не се тестираат навреме, а и зошто позитивните не се третирани во болнички услови.

Овие податоци се алармантни затоа што состојбата со корона вирусот во земјава од ден на ден се влошува и се зголемува бројот на починати и заразени, а уште не сме го достигнале врвот на епидемијата. Она што ги загрижува граѓаните е зошто голем процент воопшто не знаат дека се заразени, а тие позитивните се третираат во домашни услови, а луѓе умираат и по пат до болница.

Од пријавените случаи, 23,3% се хоспитализирани во текот на болеста, а останатите случаи  на домашно лекување и во домашна изолација, асимптоматски или со полесна клиничка слика – стои во соопштението на Институт за јавно здравје.

Реклама

Првиот човек на здравството во неколку наврати изјави дека болеста има непредвидлив тек, но сепак пациентите со  полесна клиничка слика се лекуваат дома.

Домашното лекување е еден од примерите кој го земавме од Германија и сметаме дека е сосема соодветен за наши услови, затоа што постои јасен начин на комуникација со лекарот кој два пати или повеќе по потреба прави телефонски разговор со неговите пациенти кои што се дијагностицирани со корона вирусот – изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Првата жртва од Ковид 19 во земјава беше посмртно дијагностицирана,  починатиот 44 годишен маж во Кавадарци се потврди дека бил позитивен после неговата смрт,  ист беше случајот со затвореникот во истражниот затвор Шутка, полицаецот во Куманово бил дијагностициран еден ден пред да почине во неговиот дом, а 66 годишната пациентка од Татеши почина бидејќи не беше примена во болница,  додека пак на клиниката за Хематологија почина пациент непосредно по неговото дијагностицирање.

Адријана Алексиеска