Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Економија

Националната федерација на фармери е против зголемување на акцизата за горива

Националната федерација на фармери е против предлогот за зголемување на акцизата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Националната федерација на фармери е против предлогот за зголемување на акцизата на горивата, со цел како што е наведено од бизнисмените, да се обезбедат дополнителни средства во Буџетот на РСМ.

„Ние сметаме дека со ваквата одлука ќе бидат погодени земјоделските стопанства, кои во моментот извршуваат активна земјоделска работа на поле и тоа сигурно ќе доведе не само до поскапување на горивото, туку и на суровините за производство, средствата за заштита на растенијата, семиња кои се неопходни за производството. Во контекст на нашиот став сакаме да истакнеме дека треба да се земе во предвид фактот дека 180 000 семејства егзистират од земјоделството во Република Северна Македонија и 45% од македонското население живее во рурални средини, кои зафаќаат 87% од вкупната површина на државата“, потенцира Васка Мојсовска претседателка на НФФ.

Ова барање за зголемување на акцизата за горивата до владините институции е предложено од Стопанската комора, која го дава овој предлог гледано низ призмата на своите потреби и интереси, без да се погледне пошироката сликата и да се види штетата која ќе се направи на домаќинствата, земјоделските стопанства, малите и средни претпријатија, работничката класа, кои исто така на својот грб ги трпат негативните последици од настаната здравствена – економска криза во државата и тие најмногу се погодени од сиромаштијата. Ваквите кризи ги втурнуваат луѓето во сиромаштија, така што доколку ваквата одлука е прифатена од Владата ќе се смета за политика, која придонесува за поттикнување на сиромаштијата.