Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Македонија

Општина Чешиново – Облешево под клуч, градоначалникот без симптоми во карантин

Сите 19 вработени во локалната самоуправа во Чешиново-Облешево се во самоизолација. Зградата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сите 19 вработени во локалната самоуправа во Чешиново-Облешево се во самоизолација. Зградата е затворена и целосно дезинфицирана, откако градоначалникот Горанчо Крстев и неговата сопруга се позитивни на Ковид 19. Нивната здравствена состојба е стабилна, немаат симптоми и се чувствуваат добро.

Дел од жителите се исплашени. Претпоставуваат дека бројот на заболени може да биде голем, а нивната општина да стане потенциално жариште.

Низ општината се шпекулира дека во изминатите десетина дена градоначалникот покрај вработените во локалната самоуправа, имал контакт и со вработени во неговата транспортна компанија, а имал и политички активности. Ваквите информации Крстев ги отфрли посочувајки дека тие поради пандемијата ги прекинале сите партиски активности, а ги редуцирал контактите со вработенните. Тврди дека повеќе од пет месеци немал никаков контакт со вработените во својата компанија, но сепак во понеделник десет шофери ќе бидат тестирани.

Реклама

Животот и понатаму си продолжува, велат нашите соговорници. Сепак веста, дека токму градоначалникот е првиот инфициран во нивната општина, ги натера допоплнително да ги зајакнат заштитните мерки.

Самоизолацијата на целата локална самоуправа, нема да преставува хедикеп за граѓаните.

Алармот на социјалните мрежи вчера го вклучи храбриот статус на единствениот лекар во оваа општина д-р Јасминка Ајтовска која ги повика сите кои во изминатите десет дена биле во контакт со градоначалникот или со некој од вработените во општината, да се јават кај матичниот лекар.

Александра Ристевска