Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Македонија

Уставниот суд молчи за парите за СЈО

Уставниот суд трет ден молчи по донесениот указ на Владата да се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уставниот суд трет ден молчи по донесениот указ на Владата да се оделат пари за плати и режиски трошоци за вработени во СЈО. Во зградата каде буквално не се случува ништо оти обвинителите ги вдоми обвинителството, а истражителите се вратија во матичните институции, има стотина службеници кои не работат ништо, но им следува плата бидејќи законски мандатот им истекува во септември 2020. Во понеделникот техничката влада донесе указ да им се исплати се, откако изминатите месеци власта  направи многу неповрзани чекори, за вработените таму. СДСМ уште лани со амандман, им ги укина парите и ги пренамени за Државната изборна комисија уште лани, се жалеа преку соопштенија вработените во СЈО. Оттука апсурдни се правдањата на Владата од пред некој ден, дека ако не бил донесен указот да се плаќаат плати и торшоци, ќе тужеле. Но кој остави простор за поднесување тужби?

Во февруари со писмо службениците од специјалното обвинителство се жалеа дека платите за октомври и ноември ги земале благодарејќи на УЈП, односно со присилна наплата, оти нивната шефица беше во притвор, а во меѓувреме разрешена, па немаше кој да им потпише плати. Според нив  проблемот настанал кога УЈП требало да направи присилно извршување на декемвриската плата. Тогаш тие апелираа дека во буџетот на СЈО за 2020 година предвидени се финансиски средства само на ставката за плати, но истите не може да се исплатат преку присилна наплата од УЈП, затоа што Министерството за финансии присилното извршување го изземало.  Со оваа одлука, долговите се трупаа, а се остави основ и за тужби.

Во време на вонредна состојба, одлуките и уредбите на владата имаат законска сила. Уставот не дозволува шефот на државата да врши контрола, или пак да укинува укази и одлуки, но никој не го спречува  јавно да укаже дали некои одлуки или укази се избрзани или неправилни.

Реклама

Пендаровски за сега молчи. Иако во неговото обраќање пред да се прогласи вонредна состојба тој  нагласи дека дилемата за прогласување на ваква состојба се токму преголемите ингеренции што ги добива владата. Останува отворено зошто токму сега кога државата нема пари ни за кризата владата носи вакви одлуки.

Катерина Гетева