Реклама

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Македонија

Хаос во поликлиниката Јане Сандански – не се издаваат рецепти оти нема интернет

Нема интернет – ова го добиваат како одговор дијабетичарите во поликлиниката Јане…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема интернет – ова го добиваат како одговор дијабетичарите во поликлиниката Јане Сандански, кои во очај да дојдат до неопходната инсулинска терапија со денови се мачат да добијат рецепти. Иако процедурата е телефонско продолжување на рокот за важење на рецептата, тоа што нема интернет е апсолутна опасност. Како е возможно во вонредна состојба оваа екстремно ризична група на луѓе да бидат оставени на милост и немилост. Револтирани се:

За маката да биде поголема Аеродромци се пожалија оти биле препраќани да одат дури на другиот крај на Скопје, во Ѓорче Петров, или пак Карпош, Бит Пазар за да земаат документ за неопходните лекарства.

Додека граѓаните се револтирани и во паника, надлежните за Алфа се правдаат и уверуваат дека денеска наводно проблемот бил надминат, со што, во штуро соопштение на неколку поставени прашања од Алфа, без конкретни детали- велат проблемот бил од техничка природа.

Реклама

“Проблемот со интернет во Јане Сандански е решен, истиот беше од техничка природа. Сите пацинети може да ја добијат соодветната потребна терапија.” – велат од ЈЗУ Здравствен Дом Скопје.

Инаку во земјава бројот на дијабетичари постојано се зголемува, над 250.000 се заболени од дијабетес од кои, околу 70.000 пациенти се на инсулинска терапија.

 

Ања Василева