Реклама

Николоски: Македонија станува транзитен центар на Балканот со коридорите 8 и 10

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Македонија

За време на корона вирус, јавните набавки го зголемуваат ризикот од корупција

Дали власта ја злоупотребува моменталната ситуација за реализирање  на јавни набавки со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дали власта ја злоупотребува моменталната ситуација за реализирање  на јавни набавки со нерационално распределување на ресурсите? Еден од наодите на Центарот за граѓански комуникации следејќи ги јавните набавки е дека институција купила хируршки трислојни маски за 32 денари, а друга купила обични маски за 35 денари, при што првата избирала меѓу 8 понудувачи, а втората само од еден. Друга институција, пак, платила 3,9 денари за една заштитна ракавица, иако најчестата малопродажна цена и во вакви пазарни услови е 3,5 денари. Центарот констатира дека во половина од склучените договори за итни набавки се преговарало само со една фирма.

-Разбирливо е дека итноста од одредени набавки во дадени ситуации ги оневозможува институциите во преговорите да вклучат повеќе фирми. Но, и во овие вонредни околности треба да се вложуваат максимални напори и да се настојува во преговорите да се вклучат повеќе добавувачи како единствена гаранција дека јавните пари ќе се трошат рационално – стои во соопштението на Центарот за граѓански комуникации.

Притоа посочуваат, дека цените за слични производи се значително различни во зависност од тоа дали институцијата преговарала само со еден понудувач или вклучила повеќе понудувачи од кои го избрала најповолниот.

Реклама

Oсвен тоа, некои од објавените договори за итните набавки не содржеле детален опис на набавените производи, со што се оневозможува проверка на рационалноста на потрошените пари.  Па така, има договори во кои стои само дека се набавиле „маски“ или „ракавици“, без да се прецизира за какви точно станува збор .

-Така, на пример, само кај маските, прави разлика дали се хируршки, платнени, повеќеслојни, за една или за повеќе употреби, се наведува во извештајот.

Извештајот покажува дека заклучно со 5 април , објавени се вкупно 17 известувања за склучен договор како и 12 одлуки дека е избрана најповолна понуда и дека ќе се склучи договор.  До Електронскиот систем за јавни набавки биле доставени мал број договори, што го отвора прашањето дали институциите ја почитуваат законската обврска – известувањата за склучените договори и самите договори да ги објават во рок од десет дена од склучувањето на договорот.

Во извештајот се констатира дека состојбата со новиот Ковид-19 и прогласената вонредна состојба несомнено наметнуваат потреба од итни набавки и постапка со преговарање без објавување оглас, но сепак како што стои во извештајот тоа не е причина да не се внимава на рационалното трошење на народните пари, како и на транспарентноста на процесот зашто оваа пракса претставува потенцијален ризик од корупција.

Адријана Алексиеска