Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Македонија

Жител на село Подлог заразен од Корона, како и зошто и самиот не знае

41годишен маж од село Подлог се заразил од Корона, но не знае…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

41годишен маж од село Подлог се заразил од Корона, но не знае како. Ниту патувал надвор од државата, ниту пак имал богат социјален живот. Единствен контакт со надворешниот свет му биле болниците.

За неполн месец лицето дури три пати било во Скопје со цел да му се направи ехо.Лицето кое се грижи за мажот кој е со хронични заболувања , не сакаше да му се открие идентитетот од страв дека ќе биде стигматизиран во средината во која живее.

Сe започнало кон крајот на март кога неговиот вујко се разбудил со трески и вртоглавици. Откако виделе дека состојбата му се влошува и има покачена температура в четвртокот со приватно возило го однеле во кочанската болница.

Реклама

Во петокот вечер состојбата му се влошила и итно бил хоспитализиран на инфективно во Штип, каде што утврдиле дека вујко му е позитивен на корона вирус.

-Во четвртокот го однесов во кочанската болница,од каде што го препратиле на инфективно во штип. Јас цело време бев со докторите и со него во просторијата. Го прашуваа дали имал контакт.Тој рече дека бил само во Скопје, со никој друг немал контакт.

Го однесоа во Штип, па го вратија. РЕкоа дечко нема потреба од плашење , нема симптоми за корона вирус,ништо не е страшно . Ми рекоа дека ќе полеже во болница, па ќе ме известат-изјави нашиот соговорник.

Бидејки воопшто не се сомневале дека е болен од корона семејството не носеле маски, па поради тоа цело семејство, како и сопственикот на возилото со кое го транспортирале се ставени во изолација. Станува збор за шесточлено семејство кое е на работ на егзистенција. Животот го поминуват со скромни 7000 денари, па како што велат изолацијата дополнително им ја загрозува егзистенцијата. Молат мобилните општински тимови да им однесат храна за да преживеат.

-Тие 14дена, не се ден или два. Ние сме на една социјална помош што ја земат баба ми и вујко му,околу 7000денари. Со овие пари што попрво да направеме.Дали сметки да се платат, да се купи храна или хигиенски средства. Никој не е вработен,немаме никакви придонеси. МНогу е лоша ситуацијата –изјави нашиот соговорник.

Од Центарот за јавно здравје не откриваат, како пациентот се заразил од корона и уште колку лица поради тоа што сакале да му помогнат, а не носеле маски се ставени во изолација.

Александра Ристевска