Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

СНЕЖНА ИДИЛА СРЕДЕ ПАНДЕМИЈА, НО КОЈ ДА И СЕ ИЗРАДУВА?

Ова не е првоаприлска шега, главниот град утринава се разбуди со снежна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ова не е првоаприлска шега, главниот град утринава се разбуди со снежна покривка. Наместо деца со маски за први април, луѓе со маски за заштита од корона вирус.

Годинава природата најдобро се пошегува со сите нас. Илјадници деца заглавени во своите домови, неможејќи да му се израдуваат на снегот  а уште помалку и на првоаприлските маски. Први април наместо да биде одбележан со деца облечени во интересни и уникатни маски, на улица луѓе со маски за заштита од КОВИД-19.  Парковите низ главниот град  речеси празни. Малкумина се излажале да излезат од своите дома на кратко и да прошетат по снегот.

Во Скопје идила иако без детски џагор. Снегот сепак не создаде проблеми, улиците се проодни, не поради нтервенција на надлежните, туку поради влажноста на снегот. Но затоа, на планинските превои состојбата е поинаква. Проблеми има насекаде, а најкритично е како и секогаш на Стража. На Плетвар. Каква е состојбата покажува слуиката од превојот на патот Македонски брод – Прилеп кој е целосно завеан и тешко се минува. Граѓани кои денеска се обидуваа да минат го испратија ова видео до Алфа.

Реклама

Снежната покривка ја има и низ целата земја, а врнежите според прогнозите ќе продолжат и во текот на ноќта. Веќе од утре следува стабилизација и затоплување. Во нормални услови, ваквата состојба ќе беше идеална за зимските турситички центри кои од почетотокот на кризата ги затворија своите капацитети како дел од мерките за заштита од КОВИД-19.

Викторија Миткова