Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Македонија

Приватната болница “Плодност“ затворена, персоналот во самоизолација

По вчерашното обраќање на младиот битолски гинеколог д-р Христијан Трпчевски на неговиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По вчерашното обраќање на младиот битолски гинеколог д-р Христијан Трпчевски на неговиот фејсбук- профил дека е заразен од корона вирус, битолската јавност е под шок од првиот случај во Битола на носител од ковит- 19.  Тој, поради пројавени полесни симптоми на покачена температура и малаксалост, во два наврата се тестирал во болницата “Филип Втори“. Првиот пат бил негативен, а поле повторните симптоми по некој ден, повторно се тестирал и било утврдено дека е позитивен и веднаш се ставил во самоизолација, а следеа соодветни превентивни реакции и постапки во болницата “Плодност“ каде е вработен. Денеска со видео- обраќање кон медиумите излезе првиот човек на болницата примариус д-р Таше Трпчевски кој е и сопственик, но и татко на младиот генеколог.

-Д-р Христијан Трпчевски, во изминатиот подолг период не го напуштил градот, по што следува заклучок дека вирусот го добил од некој пациент, иако Болницата од првиот ден на алармирањето за корона вирусот, ја зголеми хигиенската постапка во болницата- рече примариус д-р Таше Трпчевски.

И покрај тоа што Болницата нема забрана за работа по извршениот увид, сепак, менаџментот во интерес на персоналот во кој има и резервен тим, како и во интерес на пациентите, се реши болницата да ја затвори половина месец.

Реклама

-Одлучивме болницата да не работи до 13 април. Дотогаш, сите во самоизолација ќе поминат период од 15 дена, а во болницата ќе биде направено ново дезифицирање- рече првиот човек на “Плодност“.

Затворањето на гинеколошката болница “Плодност“ , денеска на пресот го потврди и министерот Филипче, а четиресеттината вработени, во домашни услови ќе бидат под здравствен надзор, исто како и младиот гинеколог и сите, барем засега, се во добра здравствена состојба.

Петар Стефановски