Реклама

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Македонија

Штама во Скопје – на улица само по храна и лекови

Празни улици, катанци во сите кафулиња и ресторани, заклучени врати на сите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Празни улици, катанци во сите кафулиња и ресторани, заклучени врати на сите молови, обложувалници и казина – слика каква што не се памети во главниот град. Единствено, гужвата од луѓе може да се забележи пред маркетите. Но поголем дел од нив без маски и ракавици, чекаат стиснати на ред да направат залихи од брашно, млеко и конзервирана храна. Некои од продавниците во обид да не се прави метеж, ја заклучуваат вратата и пропуштаат по неколкумина. Дел од поголемите маркети излегоа со апел до купувачите да пазаруваат без претерување.

“Апелираме да не претерувате во набавката и да се ограничите на набавка на неделни количини. Со таков начин на пазарување само се доведува во прашање рамномерното снабдување на секој од вас. Бидете солидарни и со купувачите кои ќе дојдат после вас“, – стои во соопштението на маркетот.

Пред аптеките пак се чини повеќе се почитуваат препораките за заштита. На оддалеченост од метар растојание граѓаните чекаат да влеза внатре. Се бараат заштитни маски, ракавици, и средства за дезинфекција – кои во поголем дел од аптеките ги нема. И таксистите останаа без работа, автобусите празни кружат низ градот. Дел од возачите на градските автобуси носат заштитни маски и ракавици.

Реклама

Препораките на владата има и такви што целосно не ги почитуваат или пак делумно само ги почитуваат. Доказ за тоа се неколкуте пекари во Скопје кој работат спротивно на мерките. На сооцијалните мрежи протекоа слики како се продава храна во затворен простор и како меѓу продавачите и купувачите не се држи препорачаното растојание. Отворени бурекџилници кои не се придржуваат на препораките има и во Штип, а отворени кафулиња и во останатите градови. Според најавите, сите што ќе постапуваат спротивно на мерките, ќе бидат казнувани.

 

Ања Василева