Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Свет

Смртни случаи на Балканот, светот се соочува со пандемија на Корона вирус

Во Грција е регистриран првиот смртен случај од корона вирус, откако вчера…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Грција е регистриран првиот смртен случај од корона вирус, откако вчера и завчера смртни случаи имаше во Албанија и Бугарија.

Србија одлучи да ги затвори малите граничните премини кон соседните земји и донесе решение да им исплати еднократна парична помош на постарите лица.

По Словачка, и Унгарија прогласи вонредна состојба и целосно забрани влез на своја територија за сите кои не се унгарски државјани.

Реклама

Насекаде низ светот се преземаат радикални мерки за заштита, а празните маркети, установи и улици станаа секојдневна глетка речиси во сите земји.

Американскиот претседател Доналд Трамп ги затвори границите за 26 држави од Шенгенскиот простор, со што секое лице кое во изминатите 14 дена престојувало во Шенгенскиот простор, не смее да влезе во САД.

„Од секогаш човештвото се соочувало со ваквии предизвици, тоа се случувало и ќе продолжи да се случува, она што е важно е како ќе се реагира на вирусот , а ние ке одговориме со брзина и професионализмот, ние го имаме најудобриот тим во светот“, изјави Доналд Трамп.

ЕУ пак, остро ја осуди оваа мерка како еднострана и штетна.

„Се соочуваме со глобална криза која бара соработка а не еднострано делување. ЕУ не се согласува со фактот што САД одлучи да забрани патувања еднострано и без консултации“, стои во соопштението на ЕУ.

Смртоносниот вирис најмногу ја погоди Италија, државата брои повеќе од 800 жртви и десетици илјади заразени. Целата држава држава е практично во карантин, а затворени сите трговски објекти, освен продавниците за храна и аптеките.

Од друга страна пак жариштето –Кина како да успева да се справи со корона вирусот. Во оваа земја болеста ја победиле над 60.000 луѓе, додека во последните 24 часа имало само 15 нови случаи.

Кина официјално означи крај на ширењето на коронавирусот во земјата, два и пол месеци откако тој за првпат беше идентификуван во градот Вухан.

„Бројката на нови случаи е во постојан пад“, изјави портпаролот на Националната здравствена комисија на Кина.

Светската здравствена организација вчера и официјално прогласи пандемија на Ковид 19.

Симона Србиноска