Реклама

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа, ги договараме Чебрен и Галиште, се менува геостратешката положба на земјата

Економија

Граѓаните ќе добијат инвертер клими по истекот на грејната сезона

Граѓаните ќе ги добијат инвертер климите кога нема да им требаат, односно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Граѓаните ќе ги добијат инвертер климите кога нема да им требаат, односно по истекот на грејната сезона. Иако требаше да ги имаат сега за полесно да ја поминат зимава, огласот за аплицирање се уште не е објавен. Директорот на државните електрани Васко Ковачевски е оптимист дека постапката можеби ќе заврши кон средината на април или месецот кога просечната температура е околу 17 степени, па потребата од греење е минимална. Од ЕСМ велат парите се префрлени во 4-те општини, па тие треба да ги донесат потребните правилници и да ги мапираат зоните чии жители ќе имаат предност при аплицирањето. Засега само Битола ја има целосно завршено постапката.

Додека државата дава пари во вид на субвенции за да се користи струјата, наместо дрва за греење на домовите, Европската енергетска заедница критикува дека не треба постојано да се стимулира употребата на струја добиена од јаглен. Тие бараат државата да ја намали употребата на јаглен како енергенс во производството. Надлежните тврдат дека државата нема да претрпи санкции и дека реформите се спроведувале успешно.

10 илјади семејства треба да се откажат од старите печки на дрва и да добијат субвенции за купување на инвертер клими. Вкупниот буџет во оваа почетна фаза изнесува 10 милиони евра. Засега опфатени се 4-те општини кои според владата најмногу загадуваат, Скопје, Битола, Тетово и Кичево. Најмногу пари или 5,2 милиони евра се префрлени на Град Скопје за 5.200 граѓани, на Битола 2,5 милиони евра за 2.500 граѓани, на Општина Тетово 1,5 милиони евра за 1.500 жители и на Општина Кичево 800.000 евра за 800 жители. Секое домаќинство поединечно треба да добие максимум илјада евра за набавка на инвертери.

Реклама

Тања Попова