Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Економија

Ново задолжување од 50 милиони евра

Владата денеска се задолжи за нови 50 милиони евра. Министерството за финансии…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата денеска се задолжи за нови 50 милиони евра. Министерството за финансии објави аукции на државни хартии од вредност во износ од околу 50 милиони евра. Беа понудени 12-месечни државни записи во висина од над 29 милиони евра и 15-годишни државни обврзници вредни 19 и пол милиони евра.

Ова е трето задолжување од почетокот на годинава. Веднаш по божикните празници финансии се задолжи за 8 милиони евра, а на 28 јануари за уште 24 милиони евра.

Дополнителниот заменик министер за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска обвини дека додека Владата постојано се задолжува, нема инвестиции, а економијата стагнира. Смета дека власта нерационално располага со финансиите, додека народот мора да знае каде и за какви проекти завршуваат нивните пари.

Реклама

„Каде одат овие огромни суми, кога граѓаните не гледаат никкаков бенефит? Да бидеме по прецизни, со денешната аукција имаме 37,300.000 милиони евра нето долг, додека капиталните инвестиции заклучно со денес се 16 милиони евра. Тука се поставува прашањето каде е разликата од 21 милиони евра и за што ќе служат овие средства?“ – вели Димитриеска Кочоска.

Најновите податоци покажуваат дека јавниот долг се зголеми и достигна 48.9% од бруто домашниот производ, односно надмина 5 и пол милијарди евра. Во буџетот е предвидено вкупно нето задолжување на домашниот пазар од 200 милиони евра годинава. Во среднорочната фискална стратегија, Владата си овозможи да продолжи со зголемување на јавниот долг кој до крајот на годината може да ја надмине границата од 50% од БДП.

Тања Попова