Реклама

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

По децении чекање: Камен темелник за „Чебрен и Галиште“ следната година

Мицкоски: Македонија ќе ја прилагодува надворешната политика кон новите европски трендови

Мицкоски: Утре ќе биде отворен реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, инвестициите во образованието се огромни и приоритет на Владата

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Економија

Со поскап паркинг во Центар до 70 денари за час, властите ќе го намалувале загадувањето

70 денари за еден час паркирање во центарот на Скопје. Од денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

70 денари за еден час паркирање во центарот на Скопје. Од денеска за 20 денари поскапува паркирањето во Центар и ќе се плаќа во зависност од зоната, велат од ПОЦ.

Поскапувањето се однесува само на паркирањето од час, додека цените за месечниот билет, дневната паркинг карта и останатите услуги на ПОЦ остануваат исти.

Граѓаните поделени. За едни било добро што цената оди на горе, зашто центарот буквално се задушил од возила, за други не било добро што се удира по џебот на граѓаните.

Реклама

– За тие што идат од другите општини 70 денари е многу, но за центарци и оваа сума е малку, зашто колите уште малку и дома ќе им влезат, велат скопјани пред камерата на Алфа.

Но има и такви кои велат дека што и да направат градските власти, паркирањето во Центар немало никогаш да се реши.

– Што сакаат нека направат, центарот и паркингот никогаш нема да го средат, тоа е катастрофа, страшно е, велат дел од граѓаните.

Општинското претпријатие за паркирање почнува со нова кампања за подигнување на јавната свест под слоганот „Центар не е паркинг“. Градските власти велат дека со овие видео пораки сакаат да апелираат до граѓаните да користат алтернативни начини на превоз.

– Луѓето не сакаат да се занимаваме само со казнена политика, со санкционирање, затоа се радувам што се започнати редовни кампањи, обуки пред се од мали нозе на луѓето кои допрва ќе станат возачи, за што помалку да ги користат возилата пред сѐ“, рече Саша Богдановиќ, градоначалникот на општина Центар.

– Општина Центар не може да ги прими сите возила, не само на жителите на Скопје туку и на граѓаните од другите градови. Трендовите за зголемување на паркирани возила во центарот на градот се зголемуваат. Не можеме да дозволиме сите да се паркираат во Центар. Затоа решивме да ја зголемиме цената на паркирањето за 20 денари од час. Се надеваме на тој начин ќе ги дестимулираме граѓаните да користат автомобили, вели Васко Кичевски, директорот на ПОЦ.

Зголемувањето на цената на паркингот е во насока да се стимулираат граѓаните, наместо со автомобил, до центарот на градот да доаѓаат со градски превоз.

Борис Грујоски