Реклама

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

По децении чекање: Камен темелник за „Чебрен и Галиште“ следната година

Мицкоски: Македонија ќе ја прилагодува надворешната политика кон новите европски трендови

Мицкоски: Утре ќе биде отворен реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, инвестициите во образованието се огромни и приоритет на Владата

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Мицкоски: Овие од СДСМ што се против рудници нека ги прашаат граѓаните на Крива Паланка што мислат за антимонот — и нивниот градоначалник го поддржува проектот

Економија

Владата со слични мерки како претходната ќе отпишува камати на долгови пред избори

Дали Владата ги копира и надградува мерките на претходната Влада пред избори?…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дали Владата ги копира и надградува мерките на претходната Влада пред избори? Ако пред неколку години еднократно се отпишуваа долгови за струја, парно, кредити на социјално загрозени семејства настанати до крајот на 2013-та година, сега по долги години протести на незадоволните граѓани, ќе се отпишуваат каматите на долговите кои биле дадени на извршител до крајот на 2017-та година. Но отписот на камати ќе важи за долговите кон јавни и државни претпријатија и органи, но не и кон приватни фирми како ЕВН, Телеком или деловните банки. Компаниите ќе мораат и да им ги репрограмираат долговите на граѓаните, односно да им овозможат плаќање на рати.

Новината е што на извршување нема да подлежат приматели на минимален гарантиран приход, а максималната сума што месечно може да им се скрати од сметките на оние со примања пониски од просечната плата или пензија не смее да надмине една петина.

Владата повторно ќе им помогне и на општините. Ќе им ги отпише каматите на локалните јавни претпријатија и ќе им ги репрограмира долговите кон државните институции. За потсетување, Владата веќе им даде 50 милиони евра на општините за да вратат стари долгови, но голем дел од нив продолжија неразумно да трошат.

Реклама

Откако вчера извршителите во знак на револт ги затворија канцелариите, министерката за правда вели дека останува на ставот максималната награда да им се скрати од 1.000 на 300 евра. Ќе се бара став од Комората на извршители, но тоа не значи дека нивното мислење ќе биде прифатено – вели Дескоска.

Тања Попова