Реклама

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

По децении чекање: Камен темелник за „Чебрен и Галиште“ следната година

Мицкоски: Македонија ќе ја прилагодува надворешната политика кон новите европски трендови

Мицкоски: Утре ќе биде отворен реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, инвестициите во образованието се огромни и приоритет на Владата

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Мицкоски: Овие од СДСМ што се против рудници нека ги прашаат граѓаните на Крива Паланка што мислат за антимонот — и нивниот градоначалник го поддржува проектот

Економија

Голем број граѓани не добиле поврат на ДДВ

Голем број граѓани се уште не добиле поврат на 15% од ДДВ.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Голем број граѓани се уште не добиле поврат на 15% од ДДВ. Министерката за финансии уверува дека сите ќе ги добијат парите на трансакциска сметка. И покрај тоа што граѓаните негодуваат затоа што дел од нив мислат дека за џабе скенирале сметки со месеци, Ангеловска вели дека УЈП има голем број корисници на кои треба да им префрли пари, а дел од луѓето имале грешка во пријавените трансакциски сметки. Од УЈП иако првично рекоа дека исплатата за првото тримесечје ќе заврши заклучно до денеска, сега си дадоа простор тоа да го сторат до крајот на месецов. Поврат на ДДВ бил исплатен кај над 50 проценти од корисниците на МојДДВ.

Наградната игра „Мој ДДВ, моја награда“ која ќе трае една година ќе стартува за два дена. Министерката одговори и на обвинувањата дека оваа наградна игра е копија на онаа на претходната Влада „Фискална во рака, награда без мака“. Вели за разлика од претходно, оваа наградна игра имала едукативна функција, односно граѓаните сами ги пријавувале неправилностите и фирмите дел од сивата економија.

Вкупниот награден фонд изнесува половина милион евра. Сите што ги исполнуваат условите можат да добијат една од 3.852 награди. Секој ден ќе се доделуваат по 10 награди, во вредност од 1000 до 3.000 денари. Еднаш месечно ќе се делат 15 награди по 100 илјади денари. Предвидени се и две премии од по 3 милиони денари.

Реклама

Тања Попова