Реклама

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Македонија

БАН: Македонскиот јазик е бугарски, напишан на српска машина

Нова провокација од бугарија, овој пат од највисоката научна институција Бугарската академија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нова провокација од бугарија, овој пат од највисоката научна институција Бугарската академија на науките.. Македонскиот јазик не постои, тој е писмено – регионална норма на бугарскиот јазик, македонската позиција е лажна. Ова е ставот на бугарските академици, артикулиран на вчерашната седница на академијата во Софија, а доаѓа како реакција на Повелбата за македонскиот јазик, којашто , Собранието на МАНУ ја усвои на  3 декември. Во документот на МАНУ , се изнесени научно признаените факти за македонскиот јазик, со кои, академијата ги зацврстува ставовите за потребата од засилена и континуирана поддршка на научните истражувања на македонскиот јазик и македонските дијалекти, водејќи се од строго научни начела. Но, ова ги испровоцира бугарските академици, кои не чекаа долго за да го прикажат своето гледиште, дека македонската позиција била лажна и неприфатлива, и ги нарушувала односите меѓу двете соседни држави.. БАН побарала одвоени мислења од три институции. Една од нив е Институтот за бугарски јазик, од каде добиле став – дека од сите словенски јазици, само бугарскиот бил аналитичен, а македонскиот јазик бил  бугарски, напишан на српска машина за пишување. „Фактот, што некој некогаш, го кодифицирал и го квалификувал како македонски јазик, нема никакво научно значење, освен политичко“, велат бугарските научници,  според кои, македонскиот јазик бил создаден со декрет, бил србизиран, меѓутоа неговиот код останал недопрен,  и тоа за бугарските академици е доказ, дека станувало збор за регионален литературен бугарски јазик..

Ставовите на бугарските академици, се идентични со напишаното во   Декларацијата, која пред два месеца ја усвои парламентот во Софија, на предлог на бугарската влада. Во неа, меѓу низата условувања на Македонија, е вметнато и барањето – никаде, во документите на ЕУ, да не смее да се споменува македонскиот јазик.

Од македонската Влада во вторникот брифираа, дека премиерите Заев и Борисов, по Нова година ќе се сретнат во Софија, на разговори за одглавување на работата на македонско – бугарската комисија за историски и образовни прашања. Заев во Софија ќе замине како претседател на СДСМ и политичар, а не како премиер, со оглед на тоа што во Македонија ќе треба да биде изгласана техничка влада, пред изборите најавени за 12 април.. Одлична прилика за политичарот Заев да побара објаснување од Борисов, за провокациите што во низа доаѓаат од различни бугарски институции.

Реклама

Лазар Темелков