Реклама

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Македонија

Гаф на Шеќеринска: Не го препознава македонското знаме

Неуспешен спин или сериозен гаф – вицепремериката Радмила Шеќеринска се пофали дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Неуспешен спин или сериозен гаф – вицепремериката Радмила Шеќеринска се пофали дека на американски воен авион било аплицирано македонското знаме, но всушност станува збор за симболот на сојузната држава Аризона.

„Денот на носачот на авиони ‘Хари Труман’ низ фотографии. На авионот зад нас од ескадрилата на САД е аплицирано и нашето знаме. Членството во НАТО на дело“ напиша таа на социјалните мрежи по што следеше бура реакции.

„Срамота е да не си го знаете знамето минисерке. Знамето на Македонија во средината има жолто сонце, а не црвено. Добар спин, да не се фативте во лага“

Реклама

„Да, да, сигурно. И со него лета еден од 300-те пилоти од Арачиново“ се дел од коментарите на социјалните мрежи.

Она што загрижува, ова не е прв пат претставници на оваа влада да промашуваат странски знамиња. Најголем гаф беше со австрискиот  канцелар, кој химните ги ислуша пред латвиското наместо пред австриското знаме. Последно, кога  на црногорскиот премиер, симболот на Црна Гора беше превртен наопаку.Покрај овие две, претходно премиерката на Србија беше пречекана без свечената гарда да го држи и знамето на земјата од која доаѓа, францускиот амбасадор беше седнат пред холандското знаме.

Но, освен со знамињата институциите прават некогаш ненамерни а некогаш можеби и намерни пропусти и со химните. При официјалната посета на поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас целосно беше прескокнат овој дел од протоколот, веројатно за гостинот да не биде навреден од текстот…Пејачката Тамара Тодевска беше на тапет кога на приемот во американската амбасада го промаши текстот на химната прескокнувајќи цела строфа.Дека најчесто се се сведува на импровизација и се прави буквално во 5 до 12 покажа и посетата на американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис пред кого буквално се метеше црвениот килим.

Прекршување на протоколот имаше и при посетата на Папата Франциск. Негов домаќин беше тогашниот претседател Ѓорге Иванов чија чест и обврска беше да го пречека и испрати до авионот, но на црвениот килим се појави и премиерот Зоран Заев за кого немаше баш место.

 

Ања Василева