Реклама

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

По децении чекање: Камен темелник за „Чебрен и Галиште“ следната година

Мицкоски: Македонија ќе ја прилагодува надворешната политика кон новите европски трендови

Мицкоски: Утре ќе биде отворен реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, инвестициите во образованието се огромни и приоритет на Владата

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Мицкоски: Овие од СДСМ што се против рудници нека ги прашаат граѓаните на Крива Паланка што мислат за антимонот — и нивниот градоначалник го поддржува проектот

Македонија

Протест во Ѓорче Петров- Итно да се отстрани дивата депонија

Медицински отпад, градежен шут, пластика и мртви животни се фрлаат на само…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Медицински отпад, градежен шут, пластика и мртви животни се фрлаат на само 150 метри од првите куќи во скопско Ново Село и десет метри од реката Лепенец која 30 проценти од скопскиот регион го снабдува со вода за пиење.

Граѓаните револтирани од институциите кои само си ја префрлаат топката, а нивниот проблем никој не сака да го реши, излегоа на протест со транспаренти во рацете порачувајќи и на власта дека Ново село во последните две години е претворено во Скопски Чернобил.

Мештаните велат дека некој намерно ја пали депонијата, а против пожарните единци веќе и не доаѓаат, овој проблем го имаат и жителите на Волково и Даме Груев, кои пред камерите на Алфа порачаа дека нема да се откажат се додека не се отстрани депонијата која од локална се претвори во регионална. А, ветуваните спортски игралиште трета година по ред ги нема.

Реклама

Случајно или не откако граѓаните го закажаа протестот општината испрати еден багер кој почна да го расчистува шутот. Жителите велат оти се надеваат дека тој не е дојден само заради камерите и дека ќе остане да ја заврши работата до крај.

Од општината велат дека веќе работеле на уредување на дивата депонија.

“Големината на депонијата е 11 хектари. За овие две години, беа уредени 4 хектари со сопствени средства и со помош на компании кои одлагаа само земјен материјал со цел за култивизација на просторот” се наведува во соопштението од Ѓорче Петров.

Од Град Скопје велат дека во буџетот за 2020-та година биле предвидени средства за чистење на повеќе диви депонии меѓу кои и оваа.

Дејан Трендов