Реклама

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

По децении чекање: Камен темелник за „Чебрен и Галиште“ следната година

Мицкоски: Македонија ќе ја прилагодува надворешната политика кон новите европски трендови

Мицкоски: Утре ќе биде отворен реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, инвестициите во образованието се огромни и приоритет на Владата

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Мицкоски: Овие од СДСМ што се против рудници нека ги прашаат граѓаните на Крива Паланка што мислат за антимонот — и нивниот градоначалник го поддржува проектот

Македонија

Ѓорѓиев: Бугарија ни натура своја перцепција за минатото – така не се гради добрососедство

Бугарија се обидува да ни го наметне својот поглед врз минатото и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бугарија се обидува да ни го наметне својот поглед врз минатото и да не натера да прифатиме дека пред 1944 година сме имале заедничка историја како еден народ, а така не се градат добрососедски односи. Професорот Ванчо Ѓорѓиев, член на македонскиот тим во Заедничката македонско-бугарска комисија предупредува дека историјата обременува и доколку некој мисли дека на друг ќе му ја натури својата перцепција за минатото, тогаш сериозно се поставува прашањето за какви добрососедски односи може да станува збор .

Имаме различно толкување на терминот „заедничка историја“ кој е содржан во Договорот за добрососедство. Најдиректно кажано колегите од Бугарија со тоа сакаат да промовираат некаква политичка концепција и некаква идеологија, сакајќи да ни укажат дека до 1944 година ние сме имале заедничка историја, меѓутоа нивното сфаќање на заедничката историја подразбира дека тоа станува збор за еден народ, кој што имал еден јазик, една историја, едно минатото, вели професор Ѓорѓиев.

Тој предупредува дека Договорот за пријателство и добрососедство се доведува во ситуација да зависи од работата на Kомисијата за историја, а тешко на овие народи и тешко на тие добри односи ако сета работа се сведени на тоа.

Реклама

Ние сме реално овде, ние сме македонски народ со македонски јазик со македонска историја и нашите односи треба да зависат од тоа што е реалност-развивање на економската соработка, развивање на соработка во областа на културата, образованието и на многу други нешта, подвлекува професорот Ѓорѓиев.

Мешовитата експертска комисија работи долго време но според самите членови напредок нема. Претседателот Пендаровски порачува дека идејата на таа Комисија и на Договорот за добрососедство е да видиме што нѐ спојува и каде можеме заеднички да ставиме одредени историски личности, додека неговиот бугарски колега Радев уште во септември најави дека Бугарија треба да ја поддржува Македонија во евроинтеграцијата, но не на сметка на бугарската историја, јазик и идентитет.

„Ако наредниот месец не биде постигнат договор за спорните прашања, треба да се изготви нова национална позиција за заштита на бугарскиот интерес… Ако нема напредок, Владата треба да преземе конкретни мерки и да заземе нова позиција со јасни критериуми за заштита на бугарскиот национален интерес кои ќе ја засегаат и преговарачката рамка за Република Северна Македонија. Нема да дозволиме нерешени меѓусоседски проблеми да бидат внесени во нашето европско семејство“, изјави Радев во септември.

Договор меѓутоа нема, а Пендаровски како последна идеја предлага во комисијата да бидат вклучени и неколку меѓународни експерти, кои го знаат Балканот во тој временски период. Според него токму меѓународните експерти биле една од причините за, како што рече, успехот на Преспанскиот договор.

Драган Милосављевиќ