Реклама

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Македонија

Заев шири различни нивоа на „оптимизам“, но Макрон не го менува ставот

Макрон не го менува ставот, Заев не се откажува од успех во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Макрон не го менува ставот, Заев не се откажува од успех во предомислувањето на Франција за почеток на преговорите. По Самитот на НАТО во Лондон македонскиот премиер го намали интензитетот на оптимизам од „најголем“ во „реалистичен“ и порача дека добил добри вести за можно одблокирање на процесот во наредните месеци.

-Јас сум уверен дека следува убава одлука, убаво време за нас, не можам да споделам ништо затоа што како најголем оптимист, сега сум реалистичен оптимист. Работите се движат во позитивна насока, наше е да продолжиме да работиме, да продолжиме со реформи и се надевам дека вистинската одлука ќе биде донесена, односно историската грешка што ја направија ќе биде исправена, изјави премиерот Заев.

Макрон, од своја страна, воопшто не покажува промени во ставот околу преговорите со Македонија и Албанија при што одбива да ги одвои двете земји, сметајќи дека тоа би било „смртоносна“ грешка.

Реклама

-Пред било кое ново отворање преговори многу експлицитно кажав дека сакам да се реформира процедурата, таа да биде реверзибилна и да овозможи диференцијација, да биде пополитичка и да биде придружена од фази на стратешки партнерства со соодветни инвестиции – рече Макрон.

Тој не демантира дека Балканот треба да биде дел од Европската Унија но појаснува дека досега била правена грешка кога се отворале преговорите за членство без јасни и прецизни механизми кога и дали тие некогаш би се затвориле. Од таа причина Макрон смета дека механизмот на „автоматско“ проширување кон западниот Балкан не е „здрав“  и повторно упати порака дека нема да прифати нова земја членка во ЕУ доколку претходно не се реформира процесот на консензуално одлучување и не се воведе одлучување преку квалификувано мнозинство. Конечно, тврди францускиот претседател, тие што сакаат проширување треба да одговорат на прашањата поврзани за внатрешните реформи на ЕУ, чија цел е да се поедностави процесот на одлучување и на функционирање на самата Унија.

Драган Милосављевиќ