Реклама

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Македонија

Клати врата земај плата: Јовевски ќе исплаќа плати и во „мртвото“ СЈО

Клати врата, земај плата но и екстра надоместок – ова буквално ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Клати врата, земај плата но и екстра надоместок – ова буквално ќе важи за вработените кои останаа во СЈО. Институцијата буквално е мртва а службениците и истражителите ќе продолжат да го цицаат државниот буџет. Потписник ќе биде републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески. Ова е предвидено со предлог законот кој го изготвија пратениците од владејачкото мнозинство а кој треба да се гласа на 11 декември. Предлогот предвидува освен плата тие и натаму да добиваат надоместоци.

Истражителите… имаат право на надоместок за посебни услови за работа, надоместок за висок ризик и надоместок за доверливост во кумулативен износ од 35% од основната плата. Јавниот обвинител на Република Северна Македонија со решение утврдува кај кој од истражителите постојат посебни услови за работа, висок ризик или доверливост, како и процентот на додатокот/додатоците, но најмногу до кумулативно утврдениот процент, се наведува во член 1 од предлог – законот.

Зошто вработените и истражителите од СЈО би земале плата, кога по вклучувањето на Катица Јанева во пајажината на „Рекет“ тие немаат никаква работа. Обвинителите и предметите од Специјалното јавно обвинителство се префрлени во основното на Јовески. Токму републичкиот обвинител не сакаше да го коментира овој нов момент на денешниот брифинг со новинарите, велејќи дека се уште нема ингеренции за таа работа и немало да зборува.

Реклама

СЈО, иако веќе и може да се каже не постои, следната година од буџетот на државата ќе добие 3,7 милиони евра. Токму трошењата на СЈО, станаа работа на истражителите на Основното јавно обвинителство. Тие проверуваат како Катица Јанева себеси и на своите колеги им ги делела „солените“ бонуси.

Матеја Петровски