Реклама

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Македонија

Афера „Рекет“- утре почнува судењето

Повеќе од половина година откако беше отворена предистрагата за „Рекет“ обвинетите конечно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повеќе од половина година откако беше отворена предистрагата за „Рекет“ обвинетите конечно ќе седнат во судските клупи. Иако во јавноста се појавија сомнежи дека во овој случај покрај Боки 3, Катица Јанева и Зоран Милески, има и други вмешани, меѓу кои и функционери од власта, утре во Кривичен како обвинети ќе се појават само овие тројца.

Во Шутка остана само Јовановски, а Кичеец и Јанева беа пуштени во домашен притвор. Денеска од Апелација таква мерка побара и првообвинетиот, но тој сепак првото рочиште ќе го дочека од Шутка. Од Апелациониот суд велат дека одлуката нема да биде соопштена во текот на денешниот ден. Од Вишото јавно обвинителство пак дадоа негативно мислење за ваквото барање.

„Рекет“ не е единствен случај во кој е вмешан Јовановски. Тој е осомничен и за измами во невладината Меѓународен сојуз, каде што покрај него таква улога има и пратеничката на СДСМ Фросина Ременски. Таа на Фејсбук како да се закани до судиите и обвинителите, осврнувајќи се на повикот на премиерот Заев за чистење во правосудството. Иако осомничена, Ременски најави откривање на злоупотреби од страна на судии и обвинители во периодот од 2013 до 2019-та година.

Реклама

-Во име на овој повик ќе дадам активен придонес со јавно објавување на сите поднесоци ставени во фиока потпишани со мое име и презиме и откриени злоупотреби. И ќе барам одговорност независно кој ќе биде допрен со чистење на прашината (ако “чистењето” е искрен подвиг) и тоа во име на паролата дека, законот мора да важи за сите – парола во која се помалку веруваат и граѓаните и тие што “спроведуваат правда”, пишува на Фејсбук Ременски.

Покрај Јовановски и Катица Јанева може да се најде уште еден случај на Обвинителството. Од таму минатата недела пратија истражители да проверат како во СЈО се трошеле „солените“ суми, дали можеби има финансиски малверзации.

Матеја Петровски