Реклама

Македонија чекор поблиску до единствениот европски енергетски пазар – целосна интеграција можна во 2027 година

Денеска е „Црн петок“ – ден за шопинг со реални или нашминкани цени?

Млади иновации за подобри општини

Кристијан и Сара не се соочија во судница – судењето одложено за 1 декември

И Бугари во Устав би можеле да се бадијала: Во пристапните преговори може да има изненадувања што не се предвидени

Казните од „Сејф Сити“ ќе може да се плаќаат преку апликација од следната недела, системот стартува во Струмица и Штип, па во Битола

Пратенички прашања: Македонија пример за Европа и со пофалби од Брисел, ама критикувана од Филипче во Скопје

Два милиони кубни метри отпад го загрозуваат Охрид – општината работи на изработка на техничка документација

Над 2 милиони евра финансиските друштва треба да вратат на граѓаните, низа неправилности утврди „ДПИ“

Мицкоски ја прошири понудата за студентите: „М картичка“ за повеќе привилегии и поволности и надвор од учебната година

Македонија го заврши техничкиот дијалог за „Роаминг како дома“

Тилев за Алфа: Дополнителните пари од ЕУ се признание за спроведените реформи, но и поттик тие да продолжат

Македонија

Ограбена златарница во центарот на Куманово

Грабеж во златарница на улицата „11 Октомври“, во центарот на Куманово, бил…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Грабеж во златарница на улицата „11 Октомври“, во центарот на Куманово, бил пријавен денеска во 12:32 часот во Секторот за внатрешни работи Куманово. Според пријавата, неколку лица влегле во објектот и одзеле злато. Од СВР Куманово информираат дека полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Грабежот го осуди и претседателот на Регионалната занаетчиска комора Куманово и на Занаетчиската комора на Македонија Агрон Фазлији, кој кажа дека златарницата работи веќе три децении. Тој напиша дека секој што наутро го отвора својот дуќан има право да се чувствува безбедно на своето работно место.

– Среде бел ден, во срцето на нашиот град Куманово беше ограбена златарницата на мајсторот Абдулрахим, чие семејство веќе 30 години со посветеност се занимава со златарскиот занает. Срамно е едно семејство што со чесна работа го изградило своето име да се соочи со ваков тежок удар, токму во време кога занаетчиите се борат за секоја нарачка и за секој клиент, наведува претседателот.

Реклама

Тој побара од полицијата и обвинителството веднаш да постапат, целосно да го расветлат случајот и да ги пронајдат сторителите, како и да се утврди нивната одговорност. Побара и конкретни мерки за зголемување на безбедноста и поддршка на занаетчиите, стопанствениците и нивните вработени, особено во централното градско подрачје и трговските зони.

– Секој што наутро го отвора својот дуќан има право да се чувствува безбедно на своето работно место, порача претседателот на комората, изразувајќи солидарност со семејството на ограбениот златар.