Реклама

Македонија чекор поблиску до единствениот европски енергетски пазар – целосна интеграција можна во 2027 година

Денеска е „Црн петок“ – ден за шопинг со реални или нашминкани цени?

Млади иновации за подобри општини

Кристијан и Сара не се соочија во судница – судењето одложено за 1 декември

И Бугари во Устав би можеле да се бадијала: Во пристапните преговори може да има изненадувања што не се предвидени

Казните од „Сејф Сити“ ќе може да се плаќаат преку апликација од следната недела, системот стартува во Струмица и Штип, па во Битола

Пратенички прашања: Македонија пример за Европа и со пофалби од Брисел, ама критикувана од Филипче во Скопје

Два милиони кубни метри отпад го загрозуваат Охрид – општината работи на изработка на техничка документација

Над 2 милиони евра финансиските друштва треба да вратат на граѓаните, низа неправилности утврди „ДПИ“

Мицкоски ја прошири понудата за студентите: „М картичка“ за повеќе привилегии и поволности и надвор од учебната година

Македонија го заврши техничкиот дијалог за „Роаминг како дома“

Тилев за Алфа: Дополнителните пари од ЕУ се признание за спроведените реформи, но и поттик тие да продолжат

Македонија

Милановиќ: Стоиме пред сосема нови предизвици, би сакал да ги видам сите држави, присутни овде, во ЕУ

Денес стоиме пред сосема нови предизвици, во сосема нова Европска Унија, која…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес стоиме пред сосема нови предизвици, во сосема нова Европска Унија, која минува низ тешко време и нема одговори на предизвиците што се пред неа. И не само што ги нема, туку мислам дека решенијата што се нудат се лоши. ЕУ, во која навистина би сакал да ги видам сите држави присутни овде и во која ја гледам Хрватска, не е никаков претенциозен геополитички сојуз, бидејќи тоа не може да биде, за тоа нема потенцијал, ниту некаков воен сојуз. Тоа е трговска, царинска и просторна унија со бројни ограничувања, која може одлично да функционира како што видовме во годините зад нас, но за жал не и во последните години, рече попладнево претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, на заедничката прес-конференција со претседателките на Македонија и на Словенија, Гордана Сиљановска-Давкова и Наташа Пирц-Мусар, во рамките на Процесот Брдо-Бриони во Охрид.

Како што оцени Милановиќ, Европската Унија не може спонтано и без надзор да се претвора во „дисфункционално царство на доминација на некои“. Во тоа, напомена, Хрватска, што се однесува лично до него, нема да учествува и нема да се согласи со тоа.

– Не сум сигурен дека мојот став го делат сите во Хрватска, но, еве, го имам. Затоа и следната година со задоволство ќе го споделам друштвото и времето со овие луѓе. Би требало тоа да биде истиот состав за една година. И нека биде вака како што беше денеска во Охрид, истакна хрватскиот претседател.

Реклама

Тој оцени дека денешниот Процес Брдо-Бриони досега беше најконструктивниот и најпријатниот состанок.

– Можеби зборот конструктивен е малку претеран, бидејќи не донесовме никакви одлуки, но секако атмосферата, уважувањето на соговорникот, разумниот пристап кон некои прашања што можеби нè делат или немаме ист став за нив, тоа е голем напредок. И јас денеска, оттука од Охрид, пред сè го носам тој впечаток. Тоа е најважно за мене. Луѓето со кои денес овде разговарав се луѓе што во поголем дел ги познавам, а некои ги запознав денеска. И мислам дека пред нас би можеле да бидат пријатни денови, иако состаноците се само еднаш годишно, потенцира Милановиќ.

Според него, овој формат беше организиран пред 15, 16 години за помош на Хрватска, Словенија и останатите држави од овој простор на патот кон ЕУ.

– Во меѓувреме, сето тоа толку драматично се промени, така што денеска стоиме пред сосема нови предизвици, во сосема нова Европска Унија, напомена Милановиќ.

Прес-конференцијата се одржа по работниот состанок, на кој, покрај домаќинот на Процесот, претседателката Сиљановска-Давкова и коорганизаторите Милановиќ и Пирц-Мусар, учествуваа и претседателите на Црна Гора, Албанија и Косово – Јаков Милатовиќ, Бајрам Бегај и Јустина Широка-Пула, в.д. претседателот на Србија – Александар Чупиќ, како и претседавачката и членовите на Претседателството на БиХ – Жељка Цвијановиќ, Денис Беќировиќ и Даријана Филиповиќ.

Во фокусот на Процесот Брдо-Бриони во Охрид беа јакнењето на регионалната соработка, забрзувањето на евроинтеграциите на Западен Балкан и интензивирањето на политичкиот дијалог. Потпишана беше и заедничка декларација.