Апликација за странци каде што можат да се информираат за секој споменик, кино на отворено, центар за дигитална писменост, платформа за општински проблеми. Ова беа дел од идеите презентирани на Националниот форум за локални активни платформи за социјални иновации на кој учествуваа млади од 8 општини во Македонија .За најдобра идеја признане добија млади охриѓани кои ја смислиле платформата „Нов Охрид“ преку која граѓаните ќе можат да пријават оштетена улица, тротоа, оштетно улично осветлување, дива депонија. Иницијатива е поддржана од француската амбасада како и Министерството за дигитална трансформација.
„Кога нешто не функционира во вашата општина вие најчесто го забележувате пред да стигне како информација до институциите. Го гледате во училиштето, улицата, во јавниот простор или во просторот каде што сакате да спортувате или да се дружите. Прашањето е кога имате идеја како тоа да се подобри? Или има ли кој да ве слушне? И што се случува потоа? За мене тука е и вредноста на овој проект“, изјави Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
„Замислете ако овие идеи ги прифатиме и се решат различни проблеми колку може да биде добро тоа“, изјави Билјана Јанева, директор на „Институт Охрид“
„Ја кревам просечната старост во собава“, рече Кристоф Ле Риголер, францускиот амбасадор.
Националниот ЛАПСИ форум 2026 се одржува првпат оваа година и е во организација на Институт Охрид а на него учествуваат 270 млади од цела Македонија. Оттаму истакнуваат дека идеите имаат потенцијал да прераснат во нешто поголемо како систем или програма за цела држава. Припремата за проектот трае скоро цела година, а во тој период младите учествуваа во разни работилници и работа на идентификување на проблемите во своите заедници и предлагање конкретни решенија.

