Реклама

Македонија чекор поблиску до единствениот европски енергетски пазар – целосна интеграција можна во 2027 година

Денеска е „Црн петок“ – ден за шопинг со реални или нашминкани цени?

Млади иновации за подобри општини

Кристијан и Сара не се соочија во судница – судењето одложено за 1 декември

И Бугари во Устав би можеле да се бадијала: Во пристапните преговори може да има изненадувања што не се предвидени

Казните од „Сејф Сити“ ќе може да се плаќаат преку апликација од следната недела, системот стартува во Струмица и Штип, па во Битола

Пратенички прашања: Македонија пример за Европа и со пофалби од Брисел, ама критикувана од Филипче во Скопје

Два милиони кубни метри отпад го загрозуваат Охрид – општината работи на изработка на техничка документација

Над 2 милиони евра финансиските друштва треба да вратат на граѓаните, низа неправилности утврди „ДПИ“

Мицкоски ја прошири понудата за студентите: „М картичка“ за повеќе привилегии и поволности и надвор од учебната година

Македонија го заврши техничкиот дијалог за „Роаминг како дома“

Тилев за Алфа: Дополнителните пари од ЕУ се признание за спроведените реформи, но и поттик тие да продолжат

Македонија

Тошковски: Нема да дозволиме инциденти и нарушување на јавниот ред и мир

Министерството за внатрешни работи ќе биде максимално фокусирано на одржување на безбедноста…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за внатрешни работи ќе биде максимално фокусирано на одржување на безбедноста и редот во државата и ќе ги преземе сите потребни мерки за заштита на граѓаните и безбедноста во сообраќајот – порача министерот за внатрешни работи Панче Тошковски честитајќи им го Денот на албанското знаме на граѓаните од албанската заедница.

Одговарајќи на новинарско прашање на Националната конференција за безбедност на сообраќајот во локалната самоуправа, Тошковски им посака на граѓаните празникот да го поминат во мирна и семејна атмосфера.

– Сакам прв да им го честитам Денот на албанското знаме на нашите сограѓани. Нека е за убаво, нека е за арно. Би сакал да им порачам да имаат убав ден, весел ден, да го поминат со своите најблиски и со своите фамилии – порача Тошковски.

Реклама

Во врска со информациите и објавите на социјалните мрежи за можни инциденти за време на празнувањето, министерот нагласи дека полицијата е подготвена да одговори на сите предизвици.

Тој потенцира дека МВР нема да дозволи нарушување на јавниот ред и мир, ниту загрозување на безбедноста на учесниците во сообраќајот, потсетувајќи на инцидентите што се случувале за време на претходни прослави.

– Нема да дозволиме нарушување на сообраќајот и нарушување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Би ги замолил сите оние што ќе сакаат да си го прослават денот, да го направат тоа во согласност со сите пропишани протоколи во рамките на една нормална семејна убава атмосфера со своите најблиски, па и со оние што сметаат дека треба да го прослават – истакна Тошковски.