Вчерашниот ден го завршивме со состанок со општинскиот комитет во Неготино, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од фејсбук-објавата на Александар Николоски, вицепремиер и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ е обединета и силна, во постојана координација и комуникација со членството. Во директна комуникација со членовите разговаравме за развојни проекти, нови политики, кои ќе донесат уште поголем развој на државата.


