Реклама

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Македонија

Финансиска полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување, буџетот оштетен за над 100 милиони денари

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против сопственик и управител на правно лице, како и против самото правно лице, поради сомнение за даночно затајување и фалсификување или уништување деловни книги.

Како што информираат од Финансиската полиција, пријавата е поднесена поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Даночно затајување од член 279 и „Фалсификување или уништување деловни книги“ од член 280 од Кривичниот законик.

-Во текот на 2024 година, првопријавениот В.Т., во својство на сопственик и управител на пријавеното правно лице, свесно и со однапред утврдена намера да се стекне со противправна имотна корист, ја присвоил набавената трговска стока, евидентирана како залиха на правното лице, која при извршениот физички попис од страна на пописна комисија формирана од стечајниот управник не била затекната на лице место. Утврдениот кусок на стока, во вкупен износ од 344.122.292 денари, не бил евидентиран во сметководствената евиденција на правното лице, а стоката била неосновано присвоена од страна на првопријавениот, без притоа да бидат пресметани, пријавени и платени даночните обврски по основ на данокот на додадена вредност (ДДВ) во износ од 61.942.013 денари и данокот на личен доход во износ од 38.231.987 денари – се наведува во соопштението од Финансиската полиција.

Реклама

Со ваквите дејствија, според наводите во пријавата, првопријавениот, преку пријавеното правно лице, избегнал пресметување, пријавување и плаќање на законски утврдените даночни обврски по наведените основи, во вкупен износ од 100.173.999 денари, со што го оштетил државниот Буџет.