Реклама

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Прилози

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Еден млад брачен пар би заштедил и до 26.000 евра за стан…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Еден млад брачен пар би заштедил и до 26.000 евра за стан од 60 квадрати во Скопје. Ако просечната цена за квадрат во моментов изнесува околу 2.158 евра, со новата владина мерка оваа сума би била за над 430 евра помала. Со новото законско решение, кое е во фаза на подготовка, ќе бидат опфатени сите млади брачни парови помлади од 35 години. Градежните компании, освен попустот од 20 отсто, ќе мора да издвојат најмалку и 10 проценти од станбената површина во новоизградена зграда. Оние, пак, кои ќе сакаат да изградат сопствена куќа, ќе бидат ослободени од плаќање комуналии кон општините.

„Секоја градежна компанија која во иднина ќе гради објекти за домување мора однапред да определи најмалку десет проценти од станбената површина за домување, која потоа ќе биде понудена на млади брачни парови до 35-годишна возраст по цена што ќе биде минимум 20 проценти пониска од цената што се нуди за таа катастарска општина, а која била актуелна претходната година. Нашиот пристап е директен и јасен и прецизен – не е еден, два или три проценти од каматите на кредитите, туку минимум 20 проценти пониска цена за квадратен метар за брачен пар до 35 години, што ќе се споредува со просекот за катастарската општина од претходната календарска година за да нема понатаму шпекулации“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

За да нема какви било злоупотреби при утврдувањето на цените на становите, премиерот појасни дека ќе бидат направени и дополнителни прецизирања во законот и подзаконските акти. Според Мицкоски, градежниците нема да имаат простор за манипулации со цените и вештачко зголемување на цената за квадратен метар. Во законот ќе има утврден горен праг според кој ќе треба да се водат инвеститорите кога ќе продаваат станови на млади брачни парови.

Реклама

„Тука имаме дискусија поради тоа што пазарната економија ги одредува цените за другите станбени единици, односно пазарот диктира која ќе биде цената. Со оглед дека имате побарувачка, ќе имате и понуда. Но ние ќе се обидеме и тука да воведеме одредена регулација, но која нема да ја задира пазарната економија“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Владата најави и поволности за студентите. Освен зголемувањето на студентскиот оброк, ќе добијат и други привилегии. Мерките за младите се со цел тие да формираат семејство, да обезбедат сопствен дом и да се образуваат во Македонија.