Наместо бетон, станбени згради и нови станови, 50.000 квадратни метри во Бутел денес се уредени како парк и зелена површина за граѓаните. Просторот на кој претходно биле планирани згради добил поинаква намена, а градоначалникот Дарко Костовски преку видео на социјалните мрежи покажа каков бил првичниот план и како денеска изгледа целиот простор.
Костовски вели дека со политичка одлука била сменета иднината на овој простор, кој наместо за станбена изградба бил зачуван за граѓаните.
„Ова е разликата помеѓу политиката што зема и политиката што остава. Некои општината ја гледаат како бизнис, а ние како дом, затоа тука има парк, а не згради“, вели Костовски.
Костовски порачува дека одлуките за урбанистичкото планирање не го менуваат само изгледот на општината, туку и нејзината иднина.
Видеото може да го погледнете на следниот линк:

