Реклама

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Обвинение за смртта на работникот кој падна во окно од лифт, охридското обвинителство гони две лица и две фирми

Николоски: Владата ги претвора плановите во видливи резултати на терен – 100 милиони денари за локалната инфраструктура во Валандово

Инфлацијата под контрола, мерките на Владата треба да придонесат за уште посилен ефект

Судење за соѕиданите 350 илјади евра – одбраната ја оспорува ДНК трагата на парите

Нема повредени во пожарот во ГОБ „8 Септември“, отпушок од цигара најверојатно причина за огнот

Дипломатска офанзива на Мицкоски: Важно е да се презентираат позициите на Македонија, кои некои не ги поддржуваат, ниту разбираат

Македонија

Мицкоски: Жителите на Пустец се лојални граѓани на Албанија, кои ги почитуваат своите корени

– Премиерот Христијан Мицкоски денеска од граничниот премин Ќафасан порача дека македонското…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Премиерот Христијан Мицкоски денеска од граничниот премин Ќафасан порача дека македонското население во Пустец и околината се лојални граѓани на Република Албанија, кои истовремено ги негуваат своите национални корени и врски со својата татковина. 

Одговарајќи на новинарско прашање по промоцијата на интегрираниот граничен систем „One Stop Shop“ дека на настан во Пустец не била интонирана албанската химна, Мицкоски истакна дека настанот не бил проследен до крај и вети оти ќе достави видео снимки како се интонира албанската химна на тој настан.

– Што се однесува до интонирањето на албанската химна, претпоставувам не сте го гледале настанот до крај. И после овој настан ќе ви доставам видео како се интонира албанската химна на настанот во Пустец. Но, денеска сме тука за еден друг настан кој што е уште еден доказ за добрососедските односи и непосредните односи кои што ги имаат двете држави, подвлече Мицкоски.

Реклама

За населението во Пустец, нагласи, дека тоа се мирни луѓе, домаќини кои што ја почитуваат земјата во која што се родиле, во која што ги создале своите семејства, во која што се образувале, но исто така сакаат да ги негуваат корените и со својата татковина Македонија.

– Македонија е мултиетничка земја, во која што исто така Албанците кои што се родени во Македонија, со сите свои традиција, обичаи, вклучително и овој прекрасен ден кога го славиме Денот на албанската азбука, исто така негува блиски и непосредни односи со Албанија. И тоа е убавината помеѓу добрососедските односи помеѓу двете земји, истакна премиерор Мицкоски.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: