Реклама

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Обвинение за смртта на работникот кој падна во окно од лифт, охридското обвинителство гони две лица и две фирми

Николоски: Владата ги претвора плановите во видливи резултати на терен – 100 милиони денари за локалната инфраструктура во Валандово

Инфлацијата под контрола, мерките на Владата треба да придонесат за уште посилен ефект

Судење за соѕиданите 350 илјади евра – одбраната ја оспорува ДНК трагата на парите

Нема повредени во пожарот во ГОБ „8 Септември“, отпушок од цигара најверојатно причина за огнот

Дипломатска офанзива на Мицкоски: Важно е да се презентираат позициите на Македонија, кои некои не ги поддржуваат, ниту разбираат

Македонија

Шасивари по повод Денот на албанската азбука: Почитувањето на мајчиниот јазик е неразделен дел од човековото достоинство

Министерот за правда, д-р Јетон Шасивари, по повод 22 Ноември, Денот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за правда, д-р Јетон Шасивари, по повод 22 Ноември, Денот на албанската азбука, упати честитка до сите Албанци, истакнувајќи го историското значење на Битолскиот конгрес од 1908 година и важноста на почитувањето на мајчиниот јазик и јазичните права.

Во својата порака, министерот Шасивари нагласи дека народ што се грижи за својот јазик, се грижи и за својата меморија, достоинство и иднина.

Тој потсети дека Битолскиот конгрес претставува едно од најзначајните поглавја во албанската национална историја, кога, и покрај разликите, претставниците на Албанците успеале да се обединат околу заедничката азбука.

Реклама

Според министерот, 36-те букви на албанската азбука станаа основа за развојот на писменоста, образованието и културата, оставајќи наследство што продолжува да ги поврзува генерациите.

Шасивари посочи дека почитувањето на јазикот не треба да се ограничува само на одбележувањето на историските датуми, туку треба да се изразува преку неговата секојдневна употреба, пренесувањето на младите генерации и почитувањето на правото на секој човек да зборува и да се изразува на својот мајчин јазик.

Посебен акцент стави на институционалната одговорност за остварување на јазичните права, нагласувајќи дека тие се неразделен дел од еднаквоста пред законот и човековото достоинство.

Министерот истакна дека загарантираните права мора да бидат достапни и применливи за граѓаните, а не да останат само формални законски одредби.

На крајот, со благодарност кон учесниците на Битолскиот конгрес и со почит кон историското и културното наследство на албанскиот јазик, министерот за правда, д-р Јетон Шасивари, им го честиташе 22 Ноември, Денот на албанската азбука, на сите Албанци.