Унгарија денеска ја повлекува блокадата за отворање на последните два кластери во пристапните преговори на Украина со Европската Унија. Потегот би овозможил напредок и за Молдавија, чиј преговарачки процес е поврзан со украинскиот.
Повлекувањето на унгарското противење, сепак, не значи автоматско отворање на кластерите. Потребно е земјите членки да усвојат заедничка преговарачка позиција, по што формалното отворање се спроведува на меѓувладина конференција.
Според дипломатските очекувања, сите шест кластери би можеле да бидат отворени до декември. Потоа, Украина и Молдавија ќе треба да ги исполнуваат условите за затворање на поглавјата, особено во владеењето на правото и борбата против корупцијата. Отворањето на кластерите е чекор напред во преговорите, но не претставува гаранција за членство.

