НАТО активираше борбени авиони, како одговор на инцидентите во полскиот воздушен простор, за кои Варшава ја обвинува Русија. Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека за овие „сериозни повреди“ разговарал со полскиот премиер, Доналд Туск. Полскиот министер за одбрана потврди дека рано изутрината две руски ракети и беспилотно летало паднале на територијата на Полска. Инцидентите се случиле за време на масовниот руски напад врз западна Украина.