Македонската царина спречи обид за увоз на 2,8 тони нејодирана сол, чиј внес во земјава е забранет. Неправилноста била откриена при контрола на пратка пријавена како индустриска сол.
Увозникот, кој е производител на храна, доставил изјава дека солта ќе се користи исклучиво за индустриски цели, но царинските службеници утврдиле дека станува збор за нејодирана сол.
Според прописите, солта наменета за исхрана мора да биде јодирана. Против осомничените е поведена постапка, а целата количина од 2,8 тони е уништена на депонијата „Дрисла“.

