Реклама

Нема повредени во пожарот во ГОБ „8 Септември“, отпушок од цигара најверојатно причина за огнот

Дипломатска офанзива на Мицкоски: Важно е да се презентираат позициите на Македонија, кои некои не ги поддржуваат, ниту разбираат

Народната банка ја проверува документацијата на кандидатите за купување на „Алта банка-Битола“

Трамп, Путин и Си во заедничка изјава: Нуклеарна војна не смее да има

Германија ја преполовува квотата за работници од Западен Балкан, работа за квалификувана работна сила има во Македонија

Нa негирањата треба да се одговори со наука и аргументи – Институтот за историја одбележува 80 години постоење

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ го доставија акцискиот план за кравите во Крива Паланка – предлагаат шест итни мерки

Војна за тронот: Груби и Османи се гледаат преку нишан што ја зголемува можноста за длабок раскол во ДУИ

Полиција влезе во „Макстил“ – се истражува еколошки криминал

Дипломати и безбедносни експерти алармираат Македонија да го отвори прашањето пред странскиот фактор за роварење на бугарските служби во случајот „Михаилова“

Префрлена нова транша од унгарскиот кредит, досега пласирани 242 милиони евра

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Македонија

Пожарот во ГОБ „8 Септември“ изгаснат – повредени нема, сите пациенти се безбедни

Пожарот во болницата е изгаснат и сите пациенти се безбедни. Се реагира…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пожарот во болницата е изгаснат и сите пациенти се безбедни. Се реагира навреме и сите пациенти со помош на брзата и координирана акција на персоналот беа евакуирани – соопштија од Градската општа болница „8 Септември“ по избувнувањето пожар на вториот кат на Одделот за ортопедија и трауматологија. 

– Денеска, околу 10.35 часот, вработени на првиот кат на ЈЗУ ГОБ „8 Септември“ – Скопје забележале и почувствувале мирис на чад од терасата на Одделението за ортопедија и трауматологија, кое се наоѓа на вториот кат. Веднаш беа известени раководителот на одделението и тимот за евакуација. Со брза и координирана реакција на персоналот сите пациенти од одделението беа превентивно и безбедно евакуирани и згрижени – наведуваат од болницата.

Од таму додаваат дека пожарот беше изгаснат со противпожарната опрема на болницата, а била повикана и противпожарната служба.

Реклама

– На местото на пожарот нема електрична, ниту гасна инсталација. Материјалната штета е незначителна. Според првичните информации, можно е пожарот да бил предизвикан од догорче од цигара. Точната причина и околностите се утврдуваат – нагласуваат од таму.

Од болницата велат дека сите пациенти и вработени се безбедни, а болницата продолжува со редовна работа.

– Раководството им се заблагодарува на вработените за присебната и професионална реакција, како и на пациентите и нивните семејства за разбирањето. Безбедноста на пациентите и вработените останува наш приоритет – додаваат од ГОБ „8 Септември“.

Претходно, директорот на болницата д-р Синиша Стојаноски потврди дека догорче од цигара е причина за пожарот. Веднаш била спроведена евакуација на пациентите и на медицинскиот персонал откога од прозорците почнал да излегува чад, а била повикана и Противпожарната бригада. Поврдени во пожарот нема.

Командирот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, Ѕвонко Томевски, изјави дека пожарот е локазиран многу бргу и нема опасност за негово понатамошно ширење. Тој додаде дека се опожарени инвалидски колички.

– Опожарени се инвалидски колички оставени на балконот од болничка соба. Пожарот бргу е изгаснат и нема опасност од негово ширење. Нема повредени. Добиен е повик преку 112 и веднаш се упатени 4 четири возила во болницата. Веднаш со противпожарните апарати се изгаснати. Значи, пожарот бил од количките, не се запалила никаква инсталација – вели Томески.

Утринава од Центарот за управување со кризи соопштија дека преку Е 112 е добиено известување за пожар на вториот кат во ГОБ „8 Септември“ во Скопје по што веднаш се известени Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје (БППЗ). Од страна на БППЗ потврдено е дека станува збор за пожар во внатрешна просторија во одделението за ортопедија, кој е локализиран и нема опасност од негово понатамошно ширење.