Реклама

Нема повредени во пожарот во ГОБ „8 Септември“, отпушок од цигара најверојатно причина за огнот

Дипломатска офанзива на Мицкоски: Важно е да се презентираат позициите на Македонија, кои некои не ги поддржуваат, ниту разбираат

Народната банка ја проверува документацијата на кандидатите за купување на „Алта банка-Битола“

Трамп, Путин и Си во заедничка изјава: Нуклеарна војна не смее да има

Германија ја преполовува квотата за работници од Западен Балкан, работа за квалификувана работна сила има во Македонија

Нa негирањата треба да се одговори со наука и аргументи – Институтот за историја одбележува 80 години постоење

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ го доставија акцискиот план за кравите во Крива Паланка – предлагаат шест итни мерки

Војна за тронот: Груби и Османи се гледаат преку нишан што ја зголемува можноста за длабок раскол во ДУИ

Полиција влезе во „Макстил“ – се истражува еколошки криминал

Дипломати и безбедносни експерти алармираат Македонија да го отвори прашањето пред странскиот фактор за роварење на бугарските служби во случајот „Михаилова“

Префрлена нова транша од унгарскиот кредит, досега пласирани 242 милиони евра

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Македонија

Министерот Клековски се сретна со новиот директор на ДСЗИ, Ангелески

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска се сретна со д-р Димитар Ангелески,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска се сретна со д-р Димитар Ангелески, кој е именуван за нов директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ). 

Д-р Ангелески е специјалист ортопед, кој своите студии ги завршил на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, а потоа завршил и специјализација од областа на ортопедијата. Во својата професионална кариера работел во Службата за итна медицинска помош при Здравствниот дом – Скопје, а ја извршувал и функцијата директор на Медицинскиот симулациски центар – соопшти Министерството за здравство. 

Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а со тоа и од новиот директор, очекувам да ја зајакне улогата на Инспекторатот во заштита на јавното здравје, што е можно побрза и повидлива инспекција на терен со доследна примена на прописите, како и континуирана отчетност и транспарентност во работата. Упатувам и благодарност на досегашниот директор д-р Кирил Лазов за работата и професионалниот ангажман – истакна министерот Клековски.