Реклама

Нема повредени во пожарот во ГОБ „8 Септември“, отпушок од цигара најверојатно причина за огнот

Дипломатска офанзива на Мицкоски: Важно е да се презентираат позициите на Македонија, кои некои не ги поддржуваат, ниту разбираат

Народната банка ја проверува документацијата на кандидатите за купување на „Алта банка-Битола“

Трамп, Путин и Си во заедничка изјава: Нуклеарна војна не смее да има

Германија ја преполовува квотата за работници од Западен Балкан, работа за квалификувана работна сила има во Македонија

Нa негирањата треба да се одговори со наука и аргументи – Институтот за историја одбележува 80 години постоење

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ го доставија акцискиот план за кравите во Крива Паланка – предлагаат шест итни мерки

Војна за тронот: Груби и Османи се гледаат преку нишан што ја зголемува можноста за длабок раскол во ДУИ

Полиција влезе во „Макстил“ – се истражува еколошки криминал

Дипломати и безбедносни експерти алармираат Македонија да го отвори прашањето пред странскиот фактор за роварење на бугарските служби во случајот „Михаилова“

Префрлена нова транша од унгарскиот кредит, досега пласирани 242 милиони евра

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Економија

Монетарни движења во октомври 2026 година

Во октомври 2026 година, паричната маса (монетарниот агрегат М3) забележа раст од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во октомври 2026 година, паричната маса (монетарниот агрегат М3) забележа раст од 0,5% на месечна основа, во најголем дел поради повисоките краткорочни депозити и готовите пари во оптек. На годишна основа, паричната маса е зголемена за 8,9%, под влијание на растот на сите компоненти.

• Во октомври, вкупните депозити продолжија умерено да растат за 0,5% и 9,3% на месечна и годишна основа, соодветно. Месечниот раст во целост е резултат на растот на секторот „домаќинства“, додека годишниот раст произлегува од зголемените депозити на двата сектора, со поизразен придонес на секторот „домаќинства“.

• Во октомври, кредитната активност оствари месечно и годишно зголемување од 0,7% и 14,3%, соодветно, коешто се должи на зголемените кредити на двата сектора, со поизразен придонес кон растот на кредитите на корпоративниот сектор.

Реклама

Депозити и кредити на корпоративниот сектор

• Депозитите на корпоративниот сектор, во октомври, се намалени за 0,7% на месечна основа, пред сè поради намалените средства на трансакциските сметки. На годишна основа е забележан раст од 9,0%, којшто е резултат на повисоките средства на трансакциските сметки, долгорочните депозити и краткорочните депозити во странска валута.

• Во текот на овој месец, кредитите на претпријатијата бележат месечен раст за 0,8%, во целост поради зголемените кредити во денари, при пад на кредитите во странска валута. Годишниот раст од 16,1% во поголем дел се должи на повисоките кредити во денари.

Депозити и кредити на домаќинствата

• Во октомври, забрза месечниот раст на депозитите на населението, коишто бележат зголемување од 1,3%, при годишен раст од 9,4%, пред сè поради зголемените средства на трансакциските сметки, при раст и на останатите компоненти.

· Овој месец орочените депозити на домаќинствата бележат месечен раст од 0,6%, во поголем дел под влијание на зголемените краткорочни орочени депозити, при годишен раст од 5,7%, со поголем придонес кон растот на долгорочните орочени депозити.

Кредитите на населението, во октомври, се зголемени за 0,7% на месечна основа, во целост како резултат на растот на кредитите во денари. На годишна основа, растот изнесува 12,6% и произлегува од зголеменото кредитирање денари и во странска валута, со поголем придонес на кредитите во денари. Гледано според намената, овој месец продолжи растот на потрошувачките и станбените кредити (месечен раст од 0,9%, соодветно, како и годишен раст од 12,3% и 15,9%, соодветно).

Придружни информации:

Информација за монетарните движења, октомври 2026

Временски серии: Биланси и прегледи на депозитните институции — месечни податоци

Методолошки објаснувања за монетарната статистика

Информација за методолошките измени

Календар на објавување податоци