Реклама

Дипломатска офанзива на Мицкоски: Важно е да се презентираат позициите на Македонија, кои некои не ги поддржуваат, ниту разбираат

Народната банка ја проверува документацијата на кандидатите за купување на „Алта банка-Битола“

Трамп, Путин и Си во заедничка изјава: Нуклеарна војна не смее да има

Германија ја преполовува квотата за работници од Западен Балкан, работа за квалификувана работна сила има во Македонија

Нa негирањата треба да се одговори со наука и аргументи – Институтот за историја одбележува 80 години постоење

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ го доставија акцискиот план за кравите во Крива Паланка – предлагаат шест итни мерки

Војна за тронот: Груби и Османи се гледаат преку нишан што ја зголемува можноста за длабок раскол во ДУИ

Полиција влезе во „Макстил“ – се истражува еколошки криминал

Дипломати и безбедносни експерти алармираат Македонија да го отвори прашањето пред странскиот фактор за роварење на бугарските служби во случајот „Михаилова“

Префрлена нова транша од унгарскиот кредит, досега пласирани 242 милиони евра

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Македонија

Парламентарната делегација во Франкофонијата за европските вредности, мултилингвизмот и заштитата на правата на децата

– Делегација на Собранието во Парламентарното собрание на Франкофонијата од 18 до…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Делегација на Собранието во Парламентарното собрание на Франкофонијата од 18 до 20 ноември 2026 година учествува на 38. сесија што се одржува во Брисел, Белгија. Делегацијата ја предводи пратеничката Иванка Василевска, заедно со членовите Муса Џафери, Саранда Имери-Стафаи и Драгана Бојковска.

Како што информираат од собраниската прес-служба, сесијата се одвиваше во три панел дискусии. На првата панел дискусија на темa „Европските вредности како бедем на светот во криза“ настапи пратеничката Иванка Василевска. Таа укажа дека „…живееме во свет на преклопени кризи: геополитички судири, хибридни закани, дезинформации, економска несигурност и растечки популизам. Во вакви турбулентни времиња, се поставува прашањето дали европските вредности како што се демократијата, владеењето на правото, почитувањето на човековите права и солидарноста се доволно силни да издржат. Во нашата држава европската интеграција и припадноста кон франкофонското семејство не се само надворешнополитички цели. Македонското општество со децении вложува во реформи и ја гради својата отпорност токму врз принципите на мултикултурализам, меѓусебно почитување и дијалог“.

Сепак, истакна Василевска, денес се соочуваме со еден сериозен парадокс. Македонското општество со право ја искажува целосната солидарност и забрзувањето на европските процеси за Украина и Молдавија, но земјите од Западен Балкан, кои со децении ги исполнуваат критериумите и прават тешки компромиси, пречесто се чувствуваат оставени на страна, во една бесконечна чекална.

Реклама

-Ако европските вредности се бедем, тогаш тој бедем не смее да има празнини. Не можеме да зборуваме за геополитичка стабилност и одбрана на демократијата во Европа, доколку срцето на нашиот континент, Западниот Балкан, остане надвор од европското семејство. Долготрајното одложување на проширувањето и постојаното поставување нови билатерални пречки не ги зајакнуваат европските вредности, напротив, тие создаваат разочарување кај граѓаните и отвораат простор за трети влијанија и евроскептицизам – рече Василевска.

На втората панел-дискусија на тема Европа на јазици: мултилингвизмот како составен дел на европското граѓанство, пратеничката Иванка Василевска истакна дека: „…Европската Унија го препознава овој принцип преку политиката на повеќејазичност и еднаквиот статус на своите 24 официјални јазици. Тоа е важна порака: јазичната разновидност не е пречка за заедништвото, туку негово легитимно обележје. Истовремено, европската јазична политика треба да поттикнува учење странски јазици, мобилност, образовна размена и меѓукултурен дијалог, без притоа да создава хиерархија меѓу јазиците и културите“.

Во овој контекст, таа ја истакна  „потребата од заштитата и афирмацијата на македонскиот литературен јазик. Македонскиот јазик е темелна компонента на македонскиот национален и културен идентитет, носител на македонската книжевност, историска меморија и духовно творештво. Неговото зачувување, развивање и меѓународно претставување не е само културна обврска, туку и прашање на почитување на јазичната разновидност како европска вредност“.

Таа укажа дека „почитувањето на македонскиот јазик е целосно компатибилно со почитувањето на јазиците на сите заедници во нашето општество. Вистинскиот мултилингвизам не поставува јазици еден спроти друг. Напротив, тој создава простор во кој различностите се признаваат, а еднаквоста се остварува преку меѓусебно почитување. Заштитата на сопствениот јазик и почитувањето на јазикот на другиот се два комплементарни принципа на демократската култура“.

Третата панел дискусија на тема Правата на децата низ призмата на европската солидарност се одржа на 20 ноември кога се обележува и Меѓународниот ден на правата на детето.

Во дебата во оваа тема со своја дискусија се вклучи пратеничката Саранда Имери-Стафаи, која истакна дека „…соочени со порастот на врсничкото насилство и сајбер-насилството кои ги нарушуваат основните права на децата, европската солидарност мора да се изрази и преку споделување на направените експертизи“.

Имајќи предвид дека Федерацијата Валонија-Брисел вовела задолжителна процедура за пријавување на врсничко насилство во секое училиште и Опсерваторија за училишна клима, таа побара мислење каква е оценката за ефикасноста на овие механизми на терен и како франкофонскиот простор може да послужи како поттик за усогласување на заштитата на учениците во Европа.