Реклама

Германија ја преполовува квотата за работници од Западен Балкан, работа за квалификувана работна сила има во Македонија

Нa негирањата треба да се одговори со наука и аргументи – Институтот за историја одбележува 80 години постоење

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ го доставија акцискиот план за кравите во Крива Паланка – предлагаат шест итни мерки

Војна за тронот: Груби и Османи се гледаат преку нишан што ја зголемува можноста за длабок раскол во ДУИ

Полиција влезе во „Макстил“ – се истражува еколошки криминал

Дипломати и безбедносни експерти алармираат Македонија да го отвори прашањето пред странскиот фактор за роварење на бугарските служби во случајот „Михаилова“

Префрлена нова транша од унгарскиот кредит, досега пласирани 242 милиони евра

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Пензиите, игрите на среќа и наплатата на даноци во фокусот на пратеничките прашања

Цанов објави нови пораки од Ива Михајлова: „Сите ќе умреме уште вечерва“ – барала да го повлече видеото за наводните притисоци од ДАНС

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

Македонија

Министерот Ферати оствари средба со високиот комесар на ОБСЕ, амбасадорот Камп

Министерот за односи меѓу заедниците Агон Ферати денеска оствари средба со високиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за односи меѓу заедниците Агон Ферати денеска оствари средба со високиот комесар на ОБСЕ за национални малцинства, амбасадорот Кристоф Камп, во рамки на неговата официјална посета на Скопје.

Како што соопшти Министерството за односи меѓу заеднициците, министерот му се заблагодарил на амбасадорот за поддршката што неговата канцеларија и Мисијата на ОБСЕ во Скопје ја даваат во изработката на новата Стратегија за интеркултурализам и општествена кохезија, уверувајќи го дека овој процес продолжува да биде транспарентен и инклузивен.

Тој исто така истакна дека Македонија ги признава етничките групи како заедници со уставен статус и еднакви права, но дека општествената кохезија треба да се негува во нова фаза на соработка, која ќе ги надмине рамките на управувањето со разликите и потенцијалните меѓуетнички тензии. 

Реклама

Министерот и амбасадорот Камп се согласија дека, иако државите имаат свои специфики, добрите меѓународни практики можат да помогнат во надминувањето на разликите меѓу различните заедници, како и во давањето позначајна улога на општините во спроведувањето на стратегијата и мерките за унапредување на меѓуетничката комуникација.

Министерот Ферати ги информирал претставниците на ОБСЕ за приоритетите на новата стратегија и предизвиците во нејзината имплементација. Тој истакнал дека во фокусот на Министерството се, пред сè, образованието и работата со децата од училишна возраст, како и со младите воопшто, со цел создавање заеднички простори за интеракција и заеднички активности, од кои најголемиот дел не бараат значителни финансиски средства, туку, пред сè, добра волја и позитивен пристап – се посочува во соопштението.