Членовите на Комитетот за односи меѓу заедниците се сретна со високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ Кристоф Камп.
Пратеникот Беким Ќоку ги претстави работата, членството и надлежностите на Комитетот, а како што соопшти собраниската прес-служба, на средбата се разговараше за улогата и значењето на Комитетот за односи меѓу заедниците како собраниско тело кое има важна улога во разгледувањето на прашањата поврзани со односите меѓу различните заедници во земјава.
– Во разговорите беше ставен акцент на значењето на институционалниот дијалог, меѓусебното разбирање и соработката, како важни предуслови за унапредување на односите меѓу заедниците и зајакнување на општествената кохезија – се наведува во соопштението.

Комитетот, кој е формиран согласно Уставот и Законот за Комитетот за односи меѓу заедниците, претставува значаен механизам во рамките на Собранието за разгледување на прашањата од интерес за заедниците и поттикнување на дијалогот меѓу нивните претставници.
Присутните, како што се посочува, ја истакнаа важноста од континуирана комуникација, меѓусебна почит и заедничко дејствување во насока на градење доверба, почитување на различностите и негување на демократските вредности во општеството.

