Реклама

Дипломати и безбедносни експерти алармираат Македонија да го отвори прашањето пред странскиот фактор за роварење на бугарските служби во случајот „Михаилова“

Префрлена нова транша од унгарскиот кредит, досега пласирани 242 милиони евра

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Пензиите, игрите на среќа и наплатата на даноци во фокусот на пратеничките прашања

Цанов објави нови пораки од Ива Михајлова: „Сите ќе умреме уште вечерва“ – барала да го повлече видеото за наводните притисоци од ДАНС

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

На повидок раскол во ДУИ: Груби и Османи, преку свои верни пиони влегоа во отворен судир за превласт

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

Македонија

Измените на двата пензиски закона продолжуваат во собраниска процедура

Собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади на денешната седница ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади на денешната седница ги разгледа и ги проследи на натамошна постапка во Собранието предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување и на Законот за доброволното капитално финансирано пензиско осигурување, двата во второ читање.

Во однос на предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување, пратеникот Сали Мурати од Европскиот фронт, кој предложи 11 амандмани, истакна дека нормите не се прецизни, јасни и функционални. Тој посочи дека ја поддржува реформата, бидејќи, како што рече, од ден на ден се зацврстува вториот столб со предложемоте измени и дополнувања. Но, подвлече, не можел да прифати државата да ги задолжува граѓаните да плаќаат придонеси, а истовремено им забранувала сигурно портфолио. Комисијата прифати само еден од предложените амандмани, кој е од техничка природа.

Членовите на Комисијата не усвоија ниту еден од 10-те предложени амандмани на пратеникот Мурати за предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување.

Реклама

Комисијата беше прекината, а за разгледување на третата точка од дневниот ред за предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за семејството, ќе има известување за нов термин.