Реклама

Дипломати и безбедносни експерти алармираат Македонија да го отвори прашањето пред странскиот фактор за роварење на бугарските служби во случајот „Михаилова“

Префрлена нова транша од унгарскиот кредит, досега пласирани 242 милиони евра

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Пензиите, игрите на среќа и наплатата на даноци во фокусот на пратеничките прашања

Цанов објави нови пораки од Ива Михајлова: „Сите ќе умреме уште вечерва“ – барала да го повлече видеото за наводните притисоци од ДАНС

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

На повидок раскол во ДУИ: Груби и Османи, преку свои верни пиони влегоа во отворен судир за превласт

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

Македонија

Јапонското јаболко е здраво и благотворно, но треба да се внесува умерено и внимателно

Портокаловите плодови на јапонското јаболко, деновиве ги полнат пазарите и полиците во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Портокаловите плодови на јапонското јаболко, деновиве ги полнат пазарите и полиците во продавниците. Покрај слаткиот вкус, се вели, тоа е богато со растителни влакна, витамини А и Ц, како и антиоксиданси, но постојат неколку правила за тоа како треба да се јаде.

Јапонското јаболко созрева доцна наесен, кога повеќето други овошја веќе не се во сезона. Според Американското здружение за срце (AХA), ова овошје е најдобро во периодот од септември до декември. Тоа е одличен избор за оние на кои им здодеале јаболката, портокалите и бананите, бидејќи одлично се вклопува и во слатки и во солени јадења. Според „Хелтлајн“ (Healthline), еден плод од 168 грама содржи приближно 118 калории, 31 грам јаглехидрати и шест грама растителни влакна, а речиси воопшто нема масти. Исто така, содржи витамини Б1 и Б2, фолати, магнезиум и фосфор.

Особено се издвојува витаминот А. Од АХА наведуваат дека еден плод обезбедува 55 отсто од препорачаниот дневен внос на овој витамин, како и повеќе од 20 отсто од дневната потреба за витамин Ц. Портокаловата боја потекнува од бета-каротенот – пигмент што телото го претвора во витамин А, важен за видот и имунитетот. Лекарите советуваат јапонското јаболко да се консумира во комбинација со малку здрави масти, како што се јаткастите плодови или маслиновото масло (на пример, во салата), бидејќи на тој начин каротеноидите подобро се апсорбираат.

Реклама

Јапонското јаболко има малку калории, а многу растителни влакна, поради што подолго време создава чувство на ситост и може да помогне во одржувањето на телесната тежина. Според „Веб-МД“ (WebMD), растворливите растителни влакна во ова овошје го забавуваат варењето на јаглехидратите, со што се спречуваат нагли скокови на нивото на шеќер во крвта. Дополнително, витаминот Ц го зајакнува имунитетот и придонесува за здравјето на срцето.

На пазарот најчесто се среќаваат два вида јапонско јаболко. Сортите како „Фују“, на пр., не се адстрингентни (т.е. не предизвикуваат чувство на „собирање“ на устата), што значи дека можат да се јадат додека се сè уште цврсти – слично како јаболкото. Сортите како „Хачија“ содржат високи нивоа на танини и треба да се јадат дури откако целосно ќе омекнат; во спротивно, тие оставаат непријатно, стегачко чувство во устата.

Консумирајте умерено – особено кога станува збор за незрели плодови

Танините во јапонското јаболко имаат и негативна страна. Според прирачникот „МСД мануал“, прекумерното консумирање може да доведе до создавање безоари – стврднати маси од несварена храна во желудникот. Така, танинот наречен шибуол може да се стврдне во желудникот, при што може да се јави потреба овие маси да се отстранат преку ендоскопија или операција.

Сепак, ова е ретко и обично се јавува кај поединци кај кои празнењето на желудникот е забавено или кај луѓе што претходно имале операција на желудникот. Во еден документиран случај, 87-годишна жена доживеала опструкција на цревата предизвикана од голем, сушен плод, којшто го проголтала без претходно добро да го изџвака. За повеќето луѓе, доволно е да јадат зрели плодови, добро да ги џвакаат и да не претеруваат со количината.

Плодовите од ова овошје, може да се јадат свежи, да се додадат во салати, смути-сокови и печива, па дури и да се консумираат сушени.