Реклама

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Македонија

Прилеп со поддршка за предвреме родените бебиња, покрената иницијатива за еднократна парична помош за родителите

– Мајките и предвреме родените бебиња ги добиваат потребната нега и грижа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Мајките и предвреме родените бебиња ги добиваат потребната нега и грижа и радува фактот што е покрената институционална мерка за еднократна помош за предвреме родените бебиња, беше констатирано на денешното одбележување на Светскиот ден на предвреме родените бебиња што како иницијатива во земјава потекнува од Прилеп. 

Во холот на прилепската градска болница се одржа традиционален хуманитарен настан посветен на малите борци и нивните мајки. Благодарение на собраните донации, болницата ќе добие посебна соба во која мајките ќе можат да ги преземаат своите бебиња, а ќе биде изработен и мурал од локални уметници, насловен „Добредојдовте во Прилеп“.

Данче Оклеска, претседателка на Здружението на мајки на предвреме родените бебиња од Прилеп, истакна дека преку овие активности гласот на мајките и малите борци станува сè погласен, а целта е обезбедување подобри услови и достоинствен пречек за секое новороденче.

Реклама

Таа информираше дека во текот на годината биле организирани повеќе работилници, преку кои темата за предвремено родените деца била доближена до градинките, средните училишта и компаниите. За декември најави и хуманитарен концерт, а собраните средства ќе бидат наменети за потребите на неонатолошкото одделение.

Според светските податоци, едно од десет новородени деца во светот е предвреме родено. Во прилепската болница годинава се родиле 40 предвремено родени бебиња.

Началничката на Гинеколошко-акушерското одделение, д-р Билјана Кржеска, посочи дека болницата располага со услови за згрижување на предвреме родените бебиња, а доколку нивната здравствена состојба го бара тоа, тие се упатуваат на Клиниката за детски болести во Скопје.

-Предвременото раѓање на бебињата најчесто се случува поради вагинални инфекции, нередовно контролирани бремености, последните години се зголемува бројот повозрасни првородки, предвремено породување. Најчесто се јавува при некои инфекции и кога мајката нередовно ја следела бременоста. Препораката е мајките при секој симптом да се упатуваат на предглед кај матичните гинеколози, а доколку не можат, нашето одделение во болницата работи нон-стоп. Секогаш има дежурен гинеколог – рече Кржеска.

Значаен исчекор е направен и на институционално ниво. Пратеничката Билјана Кузманоска информираше дека, на иницијатива на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, преку Министерството за социјална политика, демографија и млади се преземаат активности за воведување еднократна парична помош за родителите на предвреме родените бебиња.

– Не велам дека процесот ќе оди лесно, но за првпат се прави ваков исчекор за институционална грижа и поддршка за предвремено родените бебиња – рече Кузманоска.

Прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски ги поддржува сите иницијативи и хуманиктарни настани за помош на мајките и на предвремено родените бебиња.