Реклама

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Македонија

Комисијата за политички систем донесе одлука за јавна расправа за Законот за државната управа

– Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, на денешната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, на денешната 89-та седница, со осум гласа „за“, едногласно донесе одлука за одржување јавна расправа по работната верзија на Предлог-законот за организација и работа на органите на државната управа.

На 89-тата седница, претседателот Љупчо Пренџов информираше дека Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, согласно член 129 од Деловникот за работа на комисиите, има можност да одлучува за одржување седница за јавна расправа. По отворањето на дискусијата,  предлогот беше ставен на гласање и доби поддршка од осум пратеници, без гласови „против“ и „воздржани“.

– За известител на седницата ја определувам пратеничката Благица Ласовска. Со оглед на тоа дека нема никој од страна на ниту една опозициска партија, сакам да најавам дека јавната расправа ќе се одржи во понеделник, со почеток во 10 часот, во салата „Борис Трајковски“  и ќе трае околу два до два и пол часа – рече Пренџов.

Реклама

Тој ги повика пратениците и пратеничките групи од опозицијата да учествуваат во јавната расправа и да предложат учесници кои можат да придонесат во разгледувањето на предложените законски решенија.